3 работи што вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет (18+)

Тајната на добриот секс не е само во техниката и истрајноста на партнерите. Понекогаш сексот зависи и од комуникацијата... Што сакаат мажите да знаете?

3-raboti-shto-vashiot-partner-tajno-posakuva-da-gi-pravite-vo-krevet-18i-01.jpg

Мажите сакаат да знаат дали нивната партнерка е задоволна и задоволена во сексот. Но, не сите жени кажуваат на глас што сакаат од партнерот.

Дури и мажите имаат свои тајни, кои посакуваат да ги знаете за поголемо задоволство во кревет. Тие може да ја сменат сексуалната динамика меѓу вас, на подобро.

Прочитајте кои 3 работи вашиот партнер тајно посакува да ги правите во кревет:

Да ги оставите светлата вклучени

Повеќето жени сакаат да имаат секс во темница, бидејќи се срамат од своето тело. Наместо да уживате, размислувате дали ви се гледа целулитот, стриите, дали ви се размачкала шминката, како изгледате испотени.

Повеќето мажите воопшто не размислуваат за тоа. Тие сакаат да имаат секс со запалено светло, да ви го гледаат изразот на лицето, да му се восхитуваат на вашето тело.

Невозможно е да имате вистински контакт со очите ако светлото е изгасено.

Колку повеќе се грижите да ги скриете вашите несовршености или она што го сметате за ваш недостаток, толку повеќе ја намалувате интимната поврзаност меѓу вас.

Изненадете го партнерот, оставете ги светлата запалени. Или, ако ги изгаси, кажете му да ги запали. Ќе го изненадите позитивно. А тој ќе знае како да ве награди.

3-raboti-shto-vashiot-partner-tajno-posakuva-da-gi-pravite-vo-krevet-18-02_copy.jpg

Да му кажете отворено што сакате да ви прави или испуштате задоволен звук кога уживате

Некои жени се плашат дека партнерот ќе се налути или ќе му се расипе расположението ако му кажуваат што сакаат да им прави додека имаат секс, каде да ги допре или кога нешто не ѝ е убаво.

Мислат дека со ова ќе му го уништат егото, а тој ќе сфати дека не е доволно добар во кревет.

Но, со ова не му правите услуга (а ни на себе), бидејќи во обидот да му го заштитите егото, се преправате дека ви се допаѓа нешто што не ви се допаѓа, па вие не сте задоволна.

Бидете посуптилни, на пример можете да му кажете: „Не, не таму“ или „Ми се допаѓа кога ти и да му кажете што ви е убаво“.

Или едноставно да дишете длабоко, и да испуштате звуци на задоволство кога уживате во работите што ви ги прави.

Ако му дадете насоки или повратна информација за тоа што го прави, ќе му помогнете да стане подобар љубовник за вас.

3-raboti-shto-vashiot-partner-tajno-posakuva-da-gi-pravite-vo-krevet-18-03.jpg

Не го ставајте само неговиот оргазам во фокусот

Многу жени мислат дека мажот е најсреќен кога ќе доживее оргазам, па се трудат да направат сè за тој да дојде до кулминација. Но што е со предиграта?

Многу мажи признаваат дека предиграта им е повозбудлива од сексот и дека често уште во моментите на предигра можат да доживеат кулминација, ако партнерката знае што треба да прави.

Затоа, наместо само да се фокусирате на тоа дека тој треба да доживее оргазам (а и вие), обидете се да се опуштите и да уживате во секој момент – од бакнежите, преку соблекувањето, предиграта, до самиот секс и оргазмот како врв на задоволството.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

7 работи кои добрите мажи им ги кажуваат на своите сопруги Oмажи се за маж кој ги кажува овие работи: „Јас сум многу горд на тебе, знаев де...
7 работи за кои размислува мажот за време на првиот секс со вас Веќе некое време се гледате со некој маж и стигнувате до фаза кога треба да имат...
4 мали лоши навики што создаваат големи проблеми во бракот Дали кога ќе си дојдете од работа, ја фрлате облеката на подот и чекате партнеро...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
„Дали жената треба да му каже на партнерот со колку мажи спиела?“ (18+) „Па, не е поп за да му се исповедам“, гласи еден од хит одговорите на Србинка на...
Можна ли е врска на далечина + како да ја зачувате близината со партнерот? Поставете правила и редовно слушајте се преку видео повици - врската на далечина...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg