Традиции „од времето“ кои младите полека, но сигурно ги менуваат
Од година во година сè помалку се почитуваат правилата и вистинските вредности, па така, со текот на времето, старите семејни традиции исчезнуваат.

Секако, некои од нив, можеби со право исчезнуваат и нема потреба да се практикуваат, но дали сите треба да се избегнуваат?
Секој одлучува за својот живот и треба да го прави она што го усреќува, па веројатно, треба да сопрат осудувањата и старите стереотипи.
Кои традиции постоеле во минатото во семејствата и никогаш не се прекршувале, а денес младите ги одбиваат без грижа на совест?
Ги почитувате ли вие овие традиции или сепак ги избегнувате како сите модерни парови?
Се договараат за брак наместо класично, изненадно запросување

Избегнуваат прослави за нов стан (посебно ако е на кредит па штедат кога секој ден треба да доаѓаат различни луѓе)

Го одложуваат раѓањето деца, иако се соочуваат со некултурните прашања веднаш по свадбата, како што очекуваат постарите

Избегнуваат да слават празници и родендени со сите роднини и пријатели како што се правело порано

Не носат бурми од различни причини, за разлика од порано, кога речиси сите парови носеле

Избегнуваат гости во првите неколку месеци по породувањето и го штитат бебето, за разлика од порано кога сите оделе на повојница

Не примаат роднини од други градови, како што порано сите преспивале еден кај друг

М. М. | Црнобело / фото: depositphotos.com
Би можело да ве интересира:
15 тајни на брачните парови кои ретко се караат (применете ги веднаш)
Не чекајте да настане проблем за да зборувате. Доволни се неколку искрени речени...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст
Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
