„Еректилната дисфункција во 20-тите направи да се плашам од сексот“

„Работев многу кампањи во кои ги прикажував моите мускули, се прикажував како моќен и силен маж, но кога стануваше збор за сексот едноставно не бев способен и ме мачеше помислата „што се случува со мене“, беше нереално“, ја почнува својата приказна Ими.

erektilnata-disfunkcija-vo-20-tite-napravi-da-se-plasham-od-seksot-01.jpg

Чемп Ими од Пакистан изгледа како да има сѐ, тој е успешен модел и изгледа привлечно за многу жени. Работи за познати брендови во Јапонија, Тајланд и Италија.

Но, тој отворено говори за еден немил период од неговиот живот кога се разделил со жената што ја сакал. По неа се обидел да продолжи понатаму и почнал да се гледа со други жени, но кога станувало збор за сексот, сфаќал дека не може да доживее ерекција. На само 22 години се соочил со еректилна дисфункција.

„Работев многу кампањи во кои ги прикажував моите мускули, се прикажував како моќен и силен маж, но кога стануваше збор за сексот едноставно не бев способен и ме мачеше помислата „што се случува со мене“, беше нереално. Борбата за да имам секс направи да се плашам од сексот“, вели сега 28-годишниот Ими.

„Бев среќен кога се бакнував со моите партнерки, но наоѓав изговори за да не одам дома со нив. Во мојот ум зацртав дека не можам да имам секс, па го избегнував“.

Ими раскажува дека неговите проблеми започнале кога се разделил со неговата тогашна свршеница со која имал многу интензивна врска. Потоа започнал врска со друга жена која му се допаѓала, но не можел да одржи ерекција за време на сексот и по 4 месеци врска раскинале.

erektilnata-disfunkcija-vo-20-tite-napravi-da-se-plasham-od-seksot-02.jpg

Ими вели дека ја раскажува својата приказна затоа што верува дека постојат многу мажи кои ќе се пронајдат во неа.

Верува дека стресот од скршеното срце бил причинителот на неговите еректилни проблеми. Потоа, станувал сѐ подепримиран и анксиозен, а се срамел да каже на некого.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

„Избегнував да бидам интимен со мојата сопруга со години и тоа ни го уништи бракот“ „Нашиот брак главно беше среќен, но отсекогаш сум имал проблеми со интимноста. Ј...
„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“ „Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а з...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg