„Еректилната дисфункција во 20-тите направи да се плашам од сексот“

„Тоа беше ужасно чувство, најлошата работа која можете да си ја замислите. Сакате да ја искористите својата младоста, но вашата машкост ви вели не. Лицето на жените комплетно се менуваше кога ќе видеа дека не можам. Беа фини и ми велеа не грижи се, се случува, но многу често гледав дека не го мислат тоа и се чувствував уште полошо. Ми беше многу непријатно кога се среќавав наредниот пат со нив.“

Дури години подоцна за време на една пијана ноќ Ими се исповедал за проблемот на еден свој пријател.

erektilnata-disfunkcija-vo-20-tite-napravi-da-se-plasham-od-seksot-03.jpg

„Зборував слободно затоа што знаев дека нема да се сеќавам што сум кажал затоа што бев многу пијан. Но, се изненадив кога и тој беше искрен со мене и ми се довери за своите еректилни проблеми. Потоа, зборувавме и на трезно и ми олесна затоа што сфатив дека не сум единствениот што минува низ тоа.

Тоа отстранување на срамот имаше драматично влијание. Потоа почнав да се опуштам и сфатив дека проблемот ми го предизвикале емоциите, па наскоро мојот проблем со интимноста исчезна.“

Сега, Ими ужива во нова врска и вели дека повторно се чувствува добро во својата кожа.

„Сакам и другите мажи да зборуваат отворено за својот проблем, не плашете се да се доверите некому, да поставувате прашања и да побарате помош. Тоа е природна работа, се случува и постои решение. Наместо да се обвинувате себеси разговарајте со доктор или барем со некој пријател. “

С. С. | Црнобело 



Би можело да ве интересира:

Што ја намалува желбата за секс кај жените, а што кај мажите? (18+) Кај жените, сексуалноста главно се одвива во главата. Доколку во мислите и понат...
Најчестите работи кои луѓето ги мразат кај своите партнери (според експертите за врски) Што мразите вие најмногу кај вашиот партнер? Која негова карактеристика или одне...
Совети како да се зближите со партнерот на едно поинтимно ниво Интимноста е важен фактор за изградба на квалитетна и долготрајна врска. Колку с...
„Одглумете главоболка пред легнување“ – смешни секс совети за жените од 19-тиот век (18+) „Никогаш не се појавувајте разголени пред сопругот затоа што ќе го возбудите неп...
Какви сте во кревет според начинот на којшто пишувате пораки? (18+) Ако често користите емотикони, најверојатно сте гласни во кревет и секогаш му ка...
Бизарни љубовни совети за да се омажите од 90-тите (кои ѝ помогнале на Викторија Бекам да го „улови“... „Ставете кармин дури и кога одите на трчање. Ако имате голем нос, оперирајте го“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg