„Со партнерот 30 дена водевме љубов двапати дневно - Што се случи со нашиот однос?“

„Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а завршивме во хотелска соба - беше забавно“.

so-partnerot-30-dena-vodevme-ljubov-dvapati-dnevno-shto-se-sluchi-so-nashiot-odnos-01.jpg 

Во исповед за Daily Star, жена која сака да остане анонимна, вели дека на својот партнер му предложила 30-дневен секс предизвик.

Но, иако тој прифатил, нејзината идеја сепак им влијаела на врската и љубовниот живот.

„Неодамна му кажав на партнерот дека сакам да пробаме нешто ново за да го зачиниме сексуалниот живот, но работите тргнаа наопаку и сега нашиот интимен однос е мртов.

Му се пожалив дека нашата врска е здодевна и предвидлива.

Реков дека треба да водиме љубов двапати на ден, секој ден, во текот на еден месец.

Покрај тоа, му реков дека очекувам сексуални игри, играчки за возрасни и користење костими. Тој не беше среќен уште од самиот почеток.

Ме обвини дека му вршам преголем притисок, но се согласи со мојот план само за да ми угоди.

so-partnerot-30-dena-vodevme-ljubov-dvapati-dnevno-shto-se-sluchi-so-nashiot-odnos-02.jpg

Започнавме со играта „странци во бар“. Се преправавме дека не се познаваме, а завршивме во хотелска соба, каде што имавме див секс. Беше забавно.

Но, сега тој се чувствува исцрпено, мисли дека го исмевам и искористувам. Како да е пастув.

За жал, очекувањето дека треба да биде на висина на задачата 14 пати неделно целосно го исцрпи.

Мене ми се допадна целото искуство - беше возбудливо, но тој вели дека чувствувал како работите меѓу нас да се премногу наметнати и лажни.

Во моментов сме во најлоша фаза да врската од кога било претходно.

Воопшто не се допираме и спиеме во одделни кревети. Тој е намрштен и дистанциран. Мојот секс предизвик ни ја уништи врската“.

so-partnerot-30-dena-vodevme-ljubov-dvapati-dnevno-shto-se-sluchi-so-nashiot-odnos-03.jpg

А. Ј. | Црнобело / фото: Freepik.com

Би можело да ве интересира:

Како да познаете лош (или насилен) партнер уште во првите шест месеци од врската? „Ако има навика да ве грабне за рака и да ве повлече силно кога сака да го следи...
Животот во брак не е идеален, но без оглед на сè: „Се гледаме дома, љубов“ Животот со саканата личност не е онаков каков што многумина го замислуваат. Не с...
„Не пробувајте да бидете порно ѕвезда“ – Интимни совети кои можеби ќе сакате да сте ги слушнеле пора... „Сексуалната некомпатибилност е вистинска – љубовен јазик, движења, нивоа на агр...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...
Наш психолог за разводите во Македонија: „Мажите копнеат по ‘изумрен тип’ на жени, жените први бара... „ПАТРИЈАРХАЛНАТА жена која живее во функција на потребите на мажот е речиси мртв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg