Која е идеалната должина на пенисот според тебе и дали си перверзна? (18+)

Ова се двете прашања кои мажите честопати знаат и сакаат да ги постават на жените. 

koja-e-idealnata-dolzhina-na-penisot-spored-tebe-i-dali-si-perverzna-01.jpg

Понекогаш, доколку не го познавате добро партнерот, веројатно ќе го ставите под знак прашалник неговото искуство во креветот, а се смета дека жените порано созреваат и најчесто се поотворени за нови сексуални искуства.

Па така, овие две прашања се само дел од оние за кои сексуалните терапевти сметаат дека се непотребно поставени, а еве и зошто...

„Што според тебе е идеална должина на пенисот?“

За почеток, „идеална“ е навистина индивидуален поим. Најчесто ова прашање е поставено од мажи кои се несигурни во себе и постојано бараат начин да се „обезбедат“ од непријатност со тоа што притискаат да добијат ваква информација.

Жените не само што не се разбираат во сантиметри кога е во прашање должината на пенисот, туку и повеќето од нив навистина немаат претстава која би била идеална должина.

Останува нејасно прашањето зошто широчината никогаш не се зема во предвид, особено кога станува збор за пенис со просечна должина.

koja-e-idealnata-dolzhina-na-penisot-spored-tebe-i-dali-si-perverzna-02.jpg

„Дали си перверзна?“

Додека мажите се сметаат најчесто дека сакаат перверзни работи, жените не се грижат премногу за ова. Жените добро знаат дека значењето на перверзност е различно од човек до човек.

Мажите најчесто се плашат дека таа нема да сака да има секс на јавно место, нема да сака да „зборуваат валкано“ или да испробуваат „забранети игри“ во креветот.

Но, прашајте ги да ви дефинираат што за нив е „перверзија“.

Прочитајте и: 7 жени откриваат зошто уживаат во мастурбацијата повеќе отколку во сексот

Е. П. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Колкав нос, толкава машкост – Дали големината на носот навистина посочува на големината на половиот ... Долго време се тврди дека големината на носот, стапалата и дланките може да биде...
Мажи откриваат: „Работи за сексот и пубертетот што посакувам да ги знаев порано“ „Посакувам да знаев дека порно филмовите поставуваат нереални стандарди за голем...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg