Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Aко сакаше да биде со тебе, тој ќе беше со тебе

Кога ти вели дека си неверојатна личност, не го мисли тоа. Кога ти вели дека му се допаѓаш, не мисли дека ти си вистинската. Доволно долго се лажеше себеси! Свесна си...

ako-sakashe-da-bide-so-tebe-toj-kje-beshe-so-tebe-01.jpg

Тешко е да се проголта вистината, но вистината ќе ти помогне да ги прифатиш работите и да продолжиш понатаму.

„Ако тој сакаше да биде со тебе, ќе беше со тебе“, ова имај го секогаш на ум.

Постојат милион можни сценарија од тоа дека е себичен до тоа дека те користи само за некоја друга да направи љубоморна, но како и да е, тој не е добар тип како што се претставува и објаснувањето што ти го дава зошто не може да биде со тебе е безвредно.

Кога ти вели дека си неверојатна личност, не го мисли тоа. Кога ти вели дека му се допаѓаш, не мисли дека ти си вистинската. Ги нема истите силни чувства како тебе. Кога ти вели дека е збунет и не може да се одлучи, тоа значи дека не сака да биде со тебе и само се плаши да ти го каже тоа искрено за да не ти ги повреди чувствата. Ако сакаше да биде со тебе, ќе беше со тебе.

Па, така колку и да ти изгледа прекрасен, колку и да ви беше забавно, колку и да мислеше дека тој те третира одлично, сега помири се дека не сака да биде со тебе и продолжи понатаму.

Тоа е вистината.

ako-sakashe-da-bide-so-tebe-toj-kje-beshe-so-tebe-02.jpg

И ќе ти биде тешко извесен период, но потоа ќе почувствуваш мир во душата за вистинската одлука што ја донесе. Доста се лажеш дека му е потребно време, простор, дека се плаши од обврски или само му треба потврда дека нема да го повредиш. Свесна си дека ништо од тоа не е вистина.

Како тебе лесно и природно ти дојде да му се предадеш? Зошто тој не го направи истото?

Очигледно е дека не сака да биде со тебе. Донеси ја одлуката и тргни се од него. Односно одлуката веќе е донесена, тој ја донел, ти само прифати ја и не се измачувај.

Знам дека срцето ти е скршено што тој не ти ја возвраќа љубовта, но не можеш да го смениш тоа, не можеш да го поправиш ниту него, ниту себе.

Неговото срце е на поинаква фрекфенција од твоето. И срцето ќе ти се скрши еднаш, но тоа е подобро отколку да останеш со него, да се залажуваш и да ти се крши милион пати.

Сакај се доволно за да му кажеш збогум.

Ако те сакаше, ќе беше со тебе.

Извор

Би можело да ве интересира:

Те молам, почекај ја личноста која ќе ти ја направи љубовта лесна! Учиме дека љубовта што вреди е тешка. Хаотична. А јас сум тука да кажам дека тоа...
„На 74 години имав најисполнет сексуален живот“: Познатите дами за сексот над 50-тата година „Еден од најголемите митови е дека ја губите сексуалноста со текот на годините“,...
Жени откриваат: „Зошто останав со мажот кој ме изневери?“ „Останав со него бидејќи и јас го изневерив. Си простивме и заедно сме веќе 17 г...
Луѓе откриваат: „Предупредувачки знаци кај бившиот што ги игнорирав“ „Неговите пријатели ми рекоа да се држам настрана од него. И, тоа требаше да ми ...
5 знаци дека сте лоши во кревет (и како да се подобрите) (18+) Размислувате за тоа што треба да купите и дали сте платиле сметки додека имате с...
5 вистински приказни за љубовта кои не можат да ги измислат ни филмските сценаристи „Имам пријателка со луда фантазија. Ѝ се допаѓа еден тип што работи во истата зг...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg