8 љубовни лекции од луѓе кои се премажиле и прежениле за своите поранешни партнери

Понекогаш треба да го чекате вистинскиот момент за да бидете заедно

„Мојот сопруг и јас ништо не сфаќавме премногу сериозно додека не го зачнавме нашето дете. Нашиот живот страдаше неколку години по венчавката. Дојде и нашето второ дете и тензијата се зголеми.

Раскинавме после 6 години заедно. Децата на крајот останаа со мене. Тој почна да се зближува со нив кога можеше емотивно да се справи со сè.

Еден ден ми се расипа автомобилот. Му се јавив и тој веднаш дојде да ми помогне. На крајот го поканив на вечера. Тој остана, и конечно сфативме дека и двајцата сме огорчени.

На 19 години, бремени и мажени, немавме поим за живот. Се обидовме повторно и еве сме, речиси 13 години подоцна, и не можевме да бидеме посреќни. Понекогаш луѓето треба само да дишат и да растат пред да донесат правилни одлуки“.

8-ljubovni-lekcii-od-lugje-koi-se-prezenile-za-poranesni-partneri (5).jpg

Никогаш не е доцна

„Дедо ми отсекогаш ја ценел работата пред своето семејство и едвај бил присутен кога растеле неговите 5 деца. На крајот, тој и неговата сопруга се разведоа.

Кога се пензионираше (навистина никогаш и не се пензионираше бидејќи со часови им помагаше на клиентите), тие се смирија затоа што си требаа еден на друг и повторно се засакаа. Повторно се венчаа на 86 и 89 години“.

8-ljubovni-lekcii-od-lugje-koi-se-prezenile-za-poranesni-partneri (6).jpg

Оставете си простор еден на друг

„Мајка ми и татко ми се разделија кога беа млади со две деца/ Тоа беше многу тежок развод, особено за нас децата. Тие беа разделени околу 3 години.

Поминаа неколку години, и двајцата добија постојана работа и почнаа повеќе да се гледаат. Кога имав 9 години, тие решија да изнајмат куќа.

Една година подоцна, тие открија дека мајка ми е бремена со мојата помала сестра. Тие повторно се венчаа една година откако се роди мојата сестра. Тоа беше пред 21 година.

Тие се еден од најсреќните парови што сум ги сретнал. Понекогаш сè што ви треба е простор и повторно фокусирање на нештата“.

8-ljubovni-lekcii-od-lugje-koi-se-prezenile-za-poranesni-partneri (7).jpg

Ако вашата љубов е посебна, ништо друго не е важно

„Мојот прв сопруг и јас се венчавме многу млади по факултетот. Генерално бевме среќни, но се чинеше дека нашите животи одат во различни насоки. Се разделивме. Се забавувавме со други луѓе, но без чувството за судбина и сигурност што го имавме еден со друг.

Повеќе од една деценија по раскинувањето, се смиривме и никогаш не сме биле посреќни. Сега го имаме искуството на животот за да знаеме дека она што го имаме е незаменливо и посебно.

Глупавите ситници кои тогаш изгледаа проблематично, сега знаеме дека не се неволја. Имаме многу, многу среќа“.

8-ljubovni-lekcii-od-lugje-koi-se-prezenile-za-poranesni-partneri (8).jpg

(О)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Што сакаат мажите постари од 40 години во сексот? (18+) Мажите над 40 години признаваат дека ги возбудува кога жената ќе облече нешто од...
Прашувам за пријател: Мојот нов дечко не знае дека имам дете – како да му кажам, а да не ме остави? „Проблемот е во тоа веќе двапати бевме на состанок, а јас не сум му кажала дека ...
„Вљубена сум во шефот - како да го натерам да ги остави сопругата и децата и да биде со мене?“ „Знам дека е глупаво да започнеш врска со оженет маж, но тој вели дека сака да ј...
„По трауматичното детство и загубата на синот станав зависничка од секс – Како се чувствував секојпа... „Она што беше различно кај мене беше тоа што јас не го користев сексот за задово...
Прашувам за пријател: Имам 22 години, а мојот дечко 55 – Како да знам дали ме сака само за секс? „Jас постојано се обидувам да најдам работи што можеме да ги правиме заедно, за ...
Прашувам за пријател: „Мојот сопруг сака секс неколкупати на ден, а јас не - како да го одбијам?“ „Работата од дома беше кошмар, бидејќи тој беше во соседната соба, па ќе влезеше...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg