Маж кој работи како ескорт и порно актер открива што бараат жените во него, а го нема кај нивните партнери (18+)

„Кај мене доаѓаат жени од сите возрасти, а сите се жалат дека нивните партнери најчесто доживуваат оргазам и си заминуваат“ – открива порно актерот и ескорт Рајан Џејмс, кој има објавено и своја книга со мемоари за животот како сексуален работник.

mazh-koj-so-godini-raboti-kako-eksort-i-porno-akter-site-zheni-se-zhalat-od-istata-greshka-na-nivnite-partneri-18-01.jpg

Рајан Џејмс од Сиднеј веќе 10 години работи како ескорт за жени и порно актер, а честопати гостува во австралиски емисии и медиуми каде отворено говори за сопствените искуства во професијата како сексуален работник.

До 2013-та година Рајан имал стабилно вработување во финансискиот сектор и воопшто и не помислувал дека некогаш ќе работи во секс индустријата сѐ додека не ја запознал поранешната девојка која работела како ескорт.

mazh-koj-so-godini-raboti-kako-eksort-i-porno-akter-site-zheni-se-zhalat-od-istata-greshka-na-nivnite-partneri-18-02.jpg

Рајан во 2018-та година ја објави и својата книга мемоари насловена A Memoir of a Male Escort: Secrets of the Sex Industry каде отворено говори за тоа што е она што жените го бараат од него.

„Жените најчесто бараат состанок со вечера. Сценариото опфаќа типична вечера и запознавање, по што следува враќање во станот на клиентката за прилагодено и лично искуство“ – вели тој.

mazh-koj-so-godini-raboti-kako-eksort-i-porno-akter-site-zheni-se-zhalat-od-istata-greshka-na-nivnite-partneri-18-04.jpg

Рајан открива дека најчесто неговите клиентки се згодни жени и девојки кои не би имале проблем да најдат маж со кого веднаш би можеле да имаат секс, но според него тие најчесто се разочарани од една работа што мажите ја прават:

„Моите клиенти ми велат дека во голем број нивни сексуални искуства, партнерот најчесто е себичен, доживува оргазам и си заминува.

Жените сакаат вниманието да биде свртено кон нив. Голем број жени ќе ви возвратат, но сакаат нивното задоволство да биде најважно во моментот“ – појаснува Рајан.

mazh-koj-so-godini-raboti-kako-eksort-i-porno-akter-site-zheni-se-zhalat-od-istata-greshka-na-nivnite-partneri-18-03.jpg

Инаку, Рајан неодамна откри дека најчесто неговите клиенти го бараат за секс, но се случува и одредени жени да го ангажираат само за да ги придружува, а понекогаш се случува и по една недела да биде ангажиран само од една жена.

mazh-koj-so-godini-raboti-kako-eksort-i-porno-akter-site-zheni-se-zhalat-od-istata-greshka-na-nivnite-partneri-18-05.jpg

Меѓу другите работи што жените ги бараат од него се и искуството со врзување, слично на она во „50 нијанси сивo“, а открива дека честопати се случува да го ангажираат и двојки кои сакаат да пробаат нешто ново.

Погледнете повеќе негови фотографии во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

11 работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа Работи кои мажите повеќе не ги прават, кога бракот ќе почне да се распаѓа: Не ги...
„Има жени што го живеат својот рокенрол - со нив никогаш не знаеш на што си“ „Има жени што го живеат својот рокенрол. Колку и да го има сè помалку во светот,...
Експерт за врски од Србија: „Зошто мажите изневеруваат и во среќни бракови + Зошто жените први остав... „Мажот изневерува затоа што тој има потреба од поинаква верзија на себеси во нек...
„Тим билдинг е еднакво на разврат - оженети мажи и омажени жени со афери по хотели“ „Тим билдинг е еднакво на разврат. Женети мажи и мажени жени се развлекуваат по ...
„Мечкина прегратка“ - Хит поза за водење љубов за паровите кои сакаат врвна интимност и страст Доколку сакате блискост и интимност при водењето љубов, тогаш ќе ви се допадне п...
Сингл девојко, добар маж доаѓа - и кога ќе те најде, ќе му заблагодари на Бог што си чекала Ти си токму таа жена за која добар маж се моли. Tаков маж постои. Тој се моли за...

Најчитани неделава