Што мора секој маж да има во плакарот?

shto-mora-da-ima-sekoj-maz-vo-plakarot-povekjeКако потопло, но и во тренд, да се преживеат студените месеци што се пред нас? Пополнете го својот плакар со „ин“ парчиња кои во исто време...


...греат, штитат од дожд и снег, а воедно го издигнуваат вашиот стајлинг на повисоко ниво.

shto-mora-da-ima-sekoj-maz-vo-plakarot-1

Палтата се можеби скапи, но безвременска зимска инвестиција. Згодни се за сите прилики, од деловни обврски, до саботни излегувања. Оваа сезона дизајнерите обожуваат сива боја и каро шара. Одлучете се за сиво црна комбинација, или палто во кафена нијанса.

shto-mora-da-ima-sekoj-maz-vo-plakarot-2

Кожната јакна е во ист моден ранг како и палтото. Со топол плетен џемпер можете да ја носите и за време на студените месеци, а со доаѓањето на пролетта носете ја со куси ракави. Не можете да погрешите со црна и темно кафена боја.

shto-mora-da-ima-sekoj-maz-vo-plakarot-3

Карото продолжи да владее, па и оваа сезона карираната кошула е нешто што морате да го имате за подобар секојдневен и деловен изглед. Одберете сива, или маслинесто зелена боја затоа што лесно се комбинираат со другите бои.

shto-mora-da-ima-sekoj-maz-vo-plakarot-4

Модните детали оваа сезона се големи и впечатливи. Незаобиколна е големата торба во која ќе ги собере сите ваши потреби работи. Со неа можете директно од работа да одите на тренинг, во теретана и на пијалак со пријателите.

Шубара и топла пилотска капа, кафен шал со интересна апликација и ракавици се детали кои ќе ве греат и кога температурите ќе паднат под нулата.

Можеби сонцето не грее, но и понатаму зрачи со штетни зраци. Поради тоа немојте да заборавите на квалитетните очила за сонце.

Би можело да ве интересира:

Шест модели на сандали што ќе доминираат ова лето – Како да ги комбинирате? Апостолки со луксузен дизајн во темни нијанси, но и „бабински“ влечки кои поради...
Девојките се опседнати со „дедовски чевли“ комбинирани со чорапи – како ги носат? (фото) Девојките кои следат трендови сè почесто може да се забележат во ретро модели на...
Пет деловни комбинации со фармерки кои се удобни, а изгледаат стилски Темен аутфит со фармерки и мокасини или бели фармерки со кошула и балонер. Те...
5 стилски правила од Французинките за широките панталони кои се хит во 2025 Правило 1 - не ги носете само во елегантни комбинации, туку и во лежерни, со пат...
8 предлог комбинации со плетено здолниште за есен и зима Долго плетено здолниште со UGG чизмички или, пак, плетено мини здолниште со широ...
Џорџо Армани 50 години го создаваше стилот на Холивуд - најубавите креации на кралот на модата на цр... Тина Тарнер, Џулија Робертс, Кејт Бланшет, Џоди Фостер, Ријана се само дел од св...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg