Пет модели на панталони кои треба да ги имате оваа пролет

Наместо фустан решете се за некој од овие пет модели на панталони доколку сакате стилски изглед оваа сезона.

pet-modeli-na-pantaloni-koi-mora-da-gi-imte-ovaa-prolet-01.jpg

Пролетта е период кога е дозволено да се комбинираат повеќе бои, да бидеме смели и да носиме парчиња облека кои долго време стоеле во нашиот плакар поради студеното време.

Пет модели на панталони кои се вистински хит оваа пролет:

Панталони во вид на тренерки

Доколку сакате да изгледате елегантно, а воедно и да се чувствувате удобно овие панталони се најдобриот избор.

Во комбинација со патики, салонки, кошула или обична маичка ќе изгледате тренди на работа или, пак, на дневна прошетка.

pet-modeli-na-pantaloni-koi-mora-da-gi-imte-ovaa-prolet-02.jpg

Класични широки панталони со висок струк

Без разлика за која боја ќе се одлучите, овие панталони се вистински хит оваа сезона.

За дневна или вечерна комбинација тие се одличен избор.

pet-modeli-na-pantaloni-koi-mora-da-gi-imte-ovaa-prolet-03.jpg

Кожни панталони

Вистински хит оваа пролет се кожните панталони.

Може да се комбинираат со обична маичка, тексас кошула, бела кошула, а модните детали само ќе ја дополнат и онака модерната комбинација...

pet-modeli-na-pantaloni-koi-mora-da-gi-imte-ovaa-prolet-04.jpg

Панталони и фармерки со низок струк

Овие панталони се враќаат повторно во мода.

Со нив нема да погрешите, особено за дневни излегувања.

pet-modeli-na-pantaloni-koi-mora-da-gi-imte-ovaa-prolet-05.jpg

Панталони со џебови

Вистински хит за оваа пролет во која било боја.

На голема врата се враќаат и панталоните со џебови, познати и како „карго“.

pet-modeli-na-pantaloni-koi-mora-da-gi-imte-ovaa-prolet-06.jpg

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
8 модели на чанти кои ќе доминираат по крајот на летото – хит за есен 2025 Змиски принт, големи чанти во кои собира и облека за викенд патување, кафеави ча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg