Со што да ги комбинирате омилените парчиња, кога е многу жешко за фармерки?

Плисирано здолниште или, ако не се откажувате од тексас – тексас здолниште.

so-shto-da-gi-kombinirate-omilenite-parchinja-koga-e-mnogu-zheshko-za-farmerki-01.jpg

Иако на многумина фармерките им се омилено парче облека од кое не се двојат ни во лето, кога температурите надминуваат 30 степени Целзиусови, повеќето бараат алтернатива.

И, постојат бројни модели на панталони и здолништа кои можете да ги комбинирате со парчињата што обично ги носите со фармерки.

Неколку од нив во продолжение:

Капри панталони

Неколку години не ни ги погледнуваме, но капри панталоните повторно се хит.

Можете да ги носите на работа бидејќи не се многу кратки, а се погодни за многу жешко време бидејќи сепак делумно ги откриваат нозете.

so-shto-da-gi-kombinirate-omilenite-parchinja-koga-e-mnogu-zheshko-za-farmerki-02.jpg

Хеланки од природен материјал

Маичките што обично ги носите со фармерки можат да изгледаат мошне добро во комбинација со хеланки.

Препорачливо е хеланките да бидат од природни материјали за да не ви биде жешко во нив.

so-shto-da-gi-kombinirate-omilenite-parchinja-koga-e-mnogu-zheshko-za-farmerki-03.jpg

Плисирано здолниште

Исто како фармерките, плисираните здолништа изгледаат добро со кошули и едноставни маички.

А, подолгите модели се одлични и за на работа.

so-shto-da-gi-kombinirate-omilenite-parchinja-koga-e-mnogu-zheshko-za-farmerki-04.jpg

Тексас здолниште

Ако сепак не се откажувате од тексас, тогаш облечете тексас здолниште.

Мини здолништа се одлични за лежерни комбинации, додека подолгите модели се добри и за на работа.

so-shto-da-gi-kombinirate-omilenite-parchinja-koga-e-mnogu-zheshko-za-farmerki-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
8 модели на чанти кои ќе доминираат по крајот на летото – хит за есен 2025 Змиски принт, големи чанти во кои собира и облека за викенд патување, кафеави ча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg