7 парчиња кои дамите со стил не ги носат – изгледаат „евтино“ дури и ако чинат богатство
Лежерните карирани кошули во бои со силен контраст не изгледаат женствено, тесниот мини коктел фустан со корсет одамна веќе се смета за старомоден... Кои парчиња облека и додатоци не се женствени и делуваат „евтино“ и без стил?

Ако сакате да оставите впечаток на дама со стил, тогаш е подобро да избегнувате некои парчиња и модни додатоци кои изгледаат „евтино“, но и такви кои не се дамски.
Тоа не значи дека треба да купувате скапи парчиња облека, туку едноставно да внимавате на вкусот, ако сакате да изгледате женствено во секоја пригода, а не лежерно и запуштено.
Постојат неколку работи кои изгледаат старомодно, несериозно, детски, неквалитетно изработени се и не оддаваат како да ги создал некој со вкус и стил.
Погледнете кои парчиња облека и додатоци треба да ги избегнете ако сакате да бидете женствени и со стил:
Карирана кошула во бои со силен контраст и коцки – не е женствена

Топ со спуштени раменици со изглед како висечко милје

Тесен и краток коктел фустан со корсет – изгледа невкусно за дама и одамна не е во мода

Кроп-топ или обична маичка по прерамки која изгледа детски и несериозно

Пластични чевли во кои ногата се поти и изгледаат евтино како чевли на кукла

Карго јакна со премногу џебови која изгледа како работничко одело

Премногу шарена чанта со разни бои, со натрупан дезен и додатоци

М. М. | Црнобело
