7 трикови што ќе ви помогнат од око да ги изберете најквалитетните фармерки

Обрнувате ли внимание на рабовите, големината на алките за ремен или на нитните?

8-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-od-oko-da-gi-izberete-najkvalitetnite-farmerki-01.jpg

Фармерките се универзално парче облека, што може да се носи во секоја пригода, а речиси секој од нас дома во гардероберот има барем по еден пар.

Може да се носат во комбинација со маичка, со кошула, а се синоним за комфор и опуштен изглед.

Тексас фармерките исто така се синоним за издржливо парче облека, кое треба да можете да го перете често, но и да го носите неколку сезони.

Затоа, при купување фармерки освен што треба да се обрне внимание на моделот и на тоа како ви стои на обликот на вашето тело, треба да се обрне внимание на уште неколку детали за да знаете дека сте избрале квалитетно парче облека, што долго ќе ви трае.

Во што е тајната?

Обрнете внимание на бојата на внатрешноста

Тексас материјалот од надворешната страна е потемен, а внатре е посветол и тоа е прв знак дека во раце имате фармерки што се изработени од ваков материјал.

Ако пред вас гледате фармерки кои имаат идентична боја и одвнатре и однадвор, тоа е веројатно така, затоа што се изработени од друг вид материјал, а не од издржливиот тексас.

8-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-od-oko-da-gi-izberete-najkvalitetnite-farmerki-02.jpg

Погледнете ги убаво рабовите во внатрешноста

Кај поквалитетните модели, често рабовите на ногавиците се сошиени, а секоја ногавица е изработена посебно.

Кај поевтините модели најчесто двете парчиња од ногавицата се сошиени заедно. Како резултат на тоа, рабовите изгледаат подебело, а може да не се чувствувате пријатно кога ги носите.

8-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-od-oko-da-gi-izberete-najkvalitetnite-farmerki-03.jpg

Составот на материјалот

Иако тексас материјалот е мошне издржлив, и тој има свои мани. Често се случува да се соберат по првото перење, а откако ќе се исушат делуваат круто и им треба време да се опуштат и да бидат комотни.

Затоа, често на материјалот му се додава ликра, спандекс или полиестер.

Но, кај квалитетните фармерки, процентот на овие материјали треба да биде од 0,5 до 3%, ако овој процент е повисок, тоа значи дека фармерките може брзо да се растегнат и да го загубат обликот.

8-trikovi-shto-kje-vi-pomognat-od-oko-da-gi-izberete-najkvalitetnite-farmerki-04.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...

Најчитани неделава