Микро чанти и уште 5 модни парчиња кои е тешко да се носат во секојдневието
Џемпери со дупчиња - секогаш мора да размислите што да облечете оддолу и да ви биде во тон со цемперот.

Некои модни парчиња се во тренд и изгледаат одлично на модните ревии и на рекламните кампањи, но реалноста е дека е тешко да се носат во секојдневието.
Знаат да бидат навистина проблематични за комбинирање.
Модни парчиња кои е тешко да се носат во секојдневието:
Џемпери со дупчиња - секогаш мора да размислите што да облечете оддолу и да ви биде во тон.
Во деновите кога температурите се ниски не можете да излезете само по ваков џемпер - ќе ви биде студено.

Транспарентни парчиња облека - мора да ги бирате внимателно затоа што може да направат фигурата да ви изгледа чудно.
Во зависност од моделот треба да внимавате на изборот на долна облека, како прерамки на градник и слично.

Микро чанти - тренди се, но во нив сигурно нема да ви го собере паричникот, ниту телефонот и клучевите.

Кроп-топ - разголениот стомак изгледа привлечно само кога е во совршена форма, плус ова парче облека не е соодветно кога сакате да изгледате отмено.

Палто со потполнки - повторно се ИН широките раменици како во 80-тите, но лошиот избор на крој на ваков тип палто може да направи да изгледате огромно.

Карго панталони - навистина се во тренд, но за сите други комбинации, освен спортските, треба да имате умешност за да ги искомбинирате.

С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
10 модни додатоци за на плажа, кои ќе бидат во тренд за лето 2025
Плетени комплети, мрежести фустани, масивни бразлетни, детали со школки или во п...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та
Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето)
Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд?
Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода)
Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Модни трендови кои ќе ги гледаме како униформа кај девојките во есен 2025
Кафеава превртена кожа на облека, чизми или чанти, како и кожени јакни во кафеав...
