12 модни парчиња што треба да ги имате во гардероберот оваа есен

Иако чевлите со дебел ѓон сè уште се застапени во голем број продавници, тие се сметаат за модел што беше доминантен минатата сезона – годинава актуелни се класичните мокасинки со потенок ѓон. Кои модни парчиња се носат сезонава и во кои ќе изгледате модерно?

12-modni-parchinja-so-koi-kje-izgledate-ultramoderno-ovaa-esen-01.jpg

Есенската сезона е проблематична, затоа што понекогаш не знаете како да се облечете.

Утрата се студени, преку ден може да биде топло, а потоа да бидете изненадени од поројни дождови …

Како да изгледате ултрамодерно сезонава и кои модни парчиња да ги набавите?

Мокасинки

Тие се идеални чевли за есента, затоа што речиси никогаш не излегуваат од мода. Годинава се носат класични мокасини, како и оние со подебел ѓон коишто беа во тренд минатата година.

Сепак, се смета дека класичните мокасинки од превртена кожа може да изгледаат елегантно во секоја пригода, а најдобро е да изберете модел во кафеава боја – идеална за есента.

12-modni-parchinja-so-koi-kje-izgledate-ultramoderno-ovaa-esen-18.jpg

Лелеави здолништа

Годинава се модерни лелеавите здолништа, инспирирани од 60-тите години на минатиот век. Воопшто не е важна бојата, но ваквиот модел на здолниште ќе направи да се чувствувате женствено и одговара на секаков вид блузи.

Дефинитивно треба да заборавите на тесните здолништа со голем број џебови, кои веќе не се модерни.

12-modni-parchinja-so-koi-kje-izgledate-ultramoderno-ovaa-esen-03.jpg

Широки пантолони

Широките, опуштени модели на пантолони сè уште се во мода, но вистински проблем е кога треба да ги носите на дождливо време и на кал.

Оваа есен пак се враќаат во мода потесните пантолони со висок струк, кои се малку пошироки во пределот на колковите и се стеснуваат во ногавиците.

12-modni-parchinja-so-koi-kje-izgledate-ultramoderno-ovaa-esen-19.jpg

Палто со висока јака

Наместо палтата и капутите со класичен крој, годинава во мода се модели со висока или исправена јака.

Изгледаат модерно, а истовремено ве штитат и од студот и ветерот.

12-modni-parchinja-so-koi-kje-izgledate-ultramoderno-ovaa-esen-05.jpg

Чизми до глужд со правоаголен врв

Ако во изминатите сезони беа модерни чизмите со шпицест и заоблен врв, оваа сезона на модните писти се враќаат моделите со правоаголен врв.

Идеални се за носење со широки пантолони и здолништа.

12-modni-parchinja-so-koi-kje-izgledate-ultramoderno-ovaa-esen-06.jpg

Широки шалови и пончо

Заборавете на свилените марами, затоа што сезонава пак се во мода широки волнени шалови, пончо и наметки, коишто може да се носат врз палто или јакна.

12-modni-parchinja-so-koi-kje-izgledate-ultramoderno-ovaa-esen-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
10 модни додатоци за на плажа, кои ќе бидат во тренд за лето 2025 Плетени комплети, мрежести фустани, масивни бразлетни, детали со школки или во п...
14 модни трендови за мажи, кои ќе бидат популарни до крајот на 2025-та Од сафари јакни, преку кафеави парчиња, до чизми со врвки и сатенски тренерки - ...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg