Модни додатоци со кои ќе оддавате впечаток на самоуверена и успешна жена

Свилена шамија околу вратот, кожени ракавици... кои 6 аксесоари (според стилистите) се клучни за да оставите впечаток на успех, самоувереност и беспрекорен стил?

aksesoari-so-koi-kje-oddavate-vpechatok-na-samouverena-i-uspeshna-zhena-01.jpg

Луѓето секогаш ги забележуваат деталите, особено кога е во прашање изгледот на другите.

А, ако облеката ја „украсите“ со еден од овие аксесоари, ќе оставате впечаток на успешна и самоуверена жена.

Жените над 40 години во голема мера се реализирани и на приватен и на професионален план.

А, преку облеката, често знаат да покажат колку се успешни во тоа што го прават или да ја покажат својата самоувереност.

Кои 6 аксесоари се клучни за ваквиот став, според стилистите?

Класични очила за сонце

Успешните жени немаат потреба да „рекламираат“ или да се фалат со брендови.

Дури и при изборот на очила, тие се решаваат за класични модели, без огромно лого кое доминира на рамките на очилата.

aksesoari-so-koi-kje-oddavate-vpechatok-na-samouverena-i-uspeshna-zhena-07.jpg

„Цврста“ чанта

Кога избирате чанта, не купувајте платен или плетен модел, или чанта која е изработена од мек материјал, кој се витка и ја менува формата.

За да покажете дека имате изграден стил, изберете „цврст“ модел, односно чанта направена од крут материјал - според стилистите ова оддава впечаток самодоверба и успех.

aksesoari-so-koi-kje-oddavate-vpechatok-na-samouverena-i-uspeshna-zhena-02.jpg

Свилена шамија

Успешните, самоуверени жени својот стил на облекување го дополнуваат со свилени шамии врзани околу вратот.

aksesoari-so-koi-kje-oddavate-vpechatok-na-samouverena-i-uspeshna-zhena-03.jpg

Елегантен часовник

Часовникот е статусен симбол кој им прилега и на мажите и на жените.

Но, важно е да изберете едноставен модел со метално или кожено каивче, наместо часовник во боја, со многу шари, кој, според стилистите, не е соодветен за успешните дами.

aksesoari-so-koi-kje-oddavate-vpechatok-na-samouverena-i-uspeshna-zhena-04.jpg

Кожени ракавици

Плетените и платнените ракавици можеби ќе ве стоплат повеќе, но кожените модели се одраз на беспрекорен стил.

aksesoari-so-koi-kje-oddavate-vpechatok-na-samouverena-i-uspeshna-zhena-05.jpg

Ланче од вистински бисери

Бисерните ланчиња се уште еден синоним за успех, самодоверба и стил.

Но, тие мора да се направени од вистински бисери, а не копии и пластични бисерчиња во боја.

aksesoari-so-koi-kje-oddavate-vpechatok-na-samouverena-i-uspeshna-zhena-06.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg