Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


8 застарени модели на накит и модни додатоци кои треба да ги замените со помодерни

Заборавете на ремени и чанти со огромни логоа и букви на брендови, старинскиот златен накит заменете го со помодерен, бирајте масивен но едноставен дизајн на бразлетни наместо детски врвки на раката. 

8-zastareni-modeli-na-nakit-i-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-zamenite-so-pomoderni-01.jpg

Вистина е дека луѓето не се оценуваат по изгледот, туку по внатрешноста, но мора да признаеме дека сепак првиот впечаток е многу важен.

Па, доколку сакате да следите модни трендови, време е да се насочите кон трендот „тивок луксуз“ кој веќе некој период владее во светот на модата.

Наместо големи логоа, фокусирајте се на едноставна елеганција и заборавете на некои застарени модели.

Погледнете кои модни додатоци и накит треба да ги замените со помодерни:

Ремен со лого или заврзан појас околу струк

Ременот треба да е нежен и едноставен, односно хармонично да го надополнува изгледот, а не да привлекува внимание сам по себе.

8-zastareni-modeli-na-nakit-i-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-zamenite-so-pomoderni-02.jpg

Чанти со лого

Наместо модел со насликано огромно лого или впечатливи букви веќе не се во мода и оддаваат лош вкус, наместо тоа одберете квалитетна чанта која не привлекува премногу внимание со детали.

8-zastareni-modeli-na-nakit-i-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-zamenite-so-pomoderni-03.jpg

Старомодни златни и сребрени прстени

Периодов тренд е да се носи голем накит, но сепак со елегантна и смирена линија, за да изгледа добро и со вечерна комбинација, но и со деловен стајлинг или аутфит за на кафе.

8-zastareni-modeli-na-nakit-i-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-zamenite-so-pomoderni-04.jpg

Неуредна пунџа фатена со еластичен стегач

Ако сакате да сте во тренд, сега косата треба да ви е уредно фатена – може да ја фатите во мазна пунџа со ластиче во неутрална боја, или пак, да ја фатите со штипка (да, одеднаш штипките станаа модерни повторно).

8-zastareni-modeli-na-nakit-i-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-zamenite-so-pomoderni-05.jpg

Бразлетни од конец

Овие модели воопшто не се во мода и ако сакате нешто тенко, тогаш одберете елегантно и модерно синџирче, наместо детски врвци.

8-zastareni-modeli-na-nakit-i-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-zamenite-so-pomoderni-06.jpg

Бразлетна со приврзоци

Доколку ви е поврзана со спомени, во ред е да ја носите со лежерен аутфит, но доколку имате елегантен стајлинг, задолжително извадете ја и заменете ја со тренди бразлетна – масивна, но со едноставен дизајн.

8-zastareni-modeli-na-nakit-i-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-zamenite-so-pomoderni-07.jpg

Тенко ланче со приврзок

Како што споменавме, сега се во мода големите парчиња накит, па истото важи и за ланчињата – се препорачуваат помасивни синџири, неколку споени и добро комбинирани во слоеви, наместо едно тенко синџирче со минималистичко приврзоче.

8-zastareni-modeli-na-nakit-i-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-zamenite-so-pomoderni-08.jpg

Прстени постевени во долниот дел на прстите

Овој тренд веќе одамна не е во мода – сега прстените се носат исклучиво ставени до крај, а дозволено е да се носат неколку складни, па дури и поголеми прстени на една рака, но не на секој прст.

8-zastareni-modeli-na-nakit-i-modni-dodatoci-koi-treba-da-gi-zamenite-so-pomoderni-09.jpg

М. М. |Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 модели чевли кои треба да ги имате за есен 2024 Мокасините со огромен ѓон заменете ги за поедноставен и минималистички модел, ка...
Модни парчиња кои ќе бидат тренд за зима 2024 (и треба да ги купите веднаш) Јакна „шал“, впечатливи ракавици и џемпери со сите бои на нив... Што ни носи зим...
7 модели на чевли кои изгледаат богато, дури и ако се купени за малку пари Избегнувајте чизми со врвки, а кога бирате патики, земете предвид дека нежните н...
9 модерни парчиња облека кои ќе ги заменат ретро моделите во вашиот плакар Металик боите се враќаат, розовата боја и Барби трендот заминуваат во историјата...
8 модели на сандали и влечки кои ќе бидат тренд ова лето Плетени, сандали со високи полни потпетици, влечки со златни и сребрени детали.....
Весели модни комбинации за крајот на зимата (фото) Светли тонови, впечатливи нијанси, комбинација на бои за кои мислите дека не мож...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg