5 модели на палта кои ќе бидат во тренд овој јануари

Палта од твид, капути или бунди во весели бои... што ќе биде во тренд во јануари 2025-та?

5-modeli-na-palta-koi-kje-bidat-vo-trend-ovoj-januari01.jpg

Новата 2025-та носи и нови модни трендови, а еден од нив се однесува и на палтата и јакните кои ќе бидат ИН овој јануари.

Според стилистите, во текот на оваа сезона ќе доминираат 5 модели на палта и капути. Тие им стојат подеднакво добро и на помладите девојки и на повозрасните дами.

Па, ако сакате да се подновите (зашто кај и да е ќе почнат и попустите), тогаш може да изберете еден од овие модели.

Што е во тренд овој јануари?

Волнени палта и капути

За најстудените денови изберете капут или палто од волна, нешто што ќе ве грее (на прво место), но и ќе изгледа одлично на вас.

5-modeli-na-palta-koi-kje-bidat-vo-trend-ovoj-januari-03.jpg

Палта од твид

Твид палтата се елегантни и одлично се комбинираат со панталони, долги здолништа, дури и со фармерки.

5-modeli-na-palta-koi-kje-bidat-vo-trend-ovoj-januari-06.jpg

Капути и бунди во свежи бои

Дајте им свежина на тмурните денови со вашата облека, па изберете капут, бунда или палто во весела и впечатлива боја.

5-modeli-na-palta-koi-kje-bidat-vo-trend-ovoj-januari-02.jpg

Кожени јакни со крзно

Класичната кожена јакна не е практична за зима, но ако изберете модел со крзно - тогаш имате полн погодок.

5-modeli-na-palta-koi-kje-bidat-vo-trend-ovoj-januari-05.jpg

Карирани палта

Без оглед дали се со ситен или крупен дезен, карираните палтата и капути се меѓу најмодерните овој јануари (а ќе бидат ИН и до крајот на зимата).

5-modeli-na-palta-koi-kje-bidat-vo-trend-ovoj-januari-04.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
10 модни додатоци за на плажа, кои ќе бидат во тренд за лето 2025 Плетени комплети, мрежести фустани, масивни бразлетни, детали со школки или во п...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg