6 совети како да носите бела облека со стил
Наместо здодевни бели маички купете модели со украси, на целосно бел аутфит ставете темни аксесоари. Како да носите бело (и да изгледате одлично)?

Кога деновите стануваат потопли, луѓето почнуваат да менуваат многу работи кај себе, а гардеробата е една од нив.
И токму во ова време, многумина се решаваат за бели аутфити, а други, пак, ги избегнуваат, од страв дека не им стојат или не знаат како соодветно да ги комбинираат.
Ова се 6 совети за тоа како да носите бела облека, а притоа да изгледате како милион долари:
Комплетирајте го изгледот со аксесоари во контрастна боја, на пример темен ремен или чанта

Мешајте стилови и материјали ако решите да носите бело „од глава до петици“ - на пример плетен фустан со чизми, а не е погрешно и ако наместо бели, облечете сребрени обувки

Купете фустан-кошула, кој е одличен и за излегување и за на работа (доколку не работите во индустрија која бара формално дотерување)

Комбинирајте ја белата облека со кожена јакна, без оглед дали е црна или кафеава

Белите панталони или фармерки одат одлично со плетени маички, па зошто да не ги комбинирате на тој начин?

Ако носите бели маички, тие не мора да се здодевни (клот бели) туку на себе може да имаат некаков украс кој ќе им даде „богат“ изглед

А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025
Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025
Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025
Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026
Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите)
Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници)
Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
