Најнежниот тренд за пролет-лето 2025 е со доза сензуалност – тантела се враќа на модната сцена

Тантела е задолжително модно парче за пролет-лето 2025 - се носи како здолниште, панталони, топ или фустан, за лежерни прошетки или дотерувања и остава моќен впечаток со својата сензуалност, но добро избалансирана со женствена елеганција и шик изглед. 

najnezhniot-trend-za-prolet-leto-2025-e-so-doza-senzualnost-chipkata-se-vrakja-na-modna-scena-01.jpg

Чипката не е наменета само за венчаници и секси долна облека, но треба да знаете да ја комбинирате за да не направите модно промашување.

Време е да ја смените перцепцијата за овој материјал, бидејќи се враќа на големата сцена во светот на модата.

Заборавете на класични и обични комбинации – чипката сега се носи на сосема поинаков начин, со доза грациозност и провокација, совршено балансирана меѓу шик и елегантен изглед.

Се забележува во модните комбинации на модните недели во Париз и Лондон, низ улиците на градовите на модата, но и кај трендсетерките на Инстаграм.

najnezhniot-trend-za-prolet-leto-2025-e-so-doza-senzualnost-chipkata-se-vrakja-na-modna-scena-02.jpg

Топови, здолништа и фустани со чипкасти детали, блуза под елек и топови, под oversize сакоа, со фармерки и уште многу други начини на комбинација на чипка за да постигнете wow ефект, независно за каква пригода се носи.

Не е дека чипката не беше присутна во изминатите години, но она што сезонава ја прави поразлична, е слободата во комбинациите - во 2025 чипката не е срамежлива, туку впечатлива и свесна за својот ефект. 

Како да ја носите во секојдневни комбинации?

Преку ден: под блејзер, чипкаст топ или боди може да биде идеален контраст, искомбиниран со фармерки со висок струк.

За деловно-елегантно комбинации (ако дозволува работното место): деловни класични панталони со висок струк, чипкаста блуза во неутрална нијанса со деловен елек или сако

За навечер: чипкаст фустан со кожена јакна и сандали со тенко ременче носи идеален спој на сензуалност и урбан стил

За плажа: чипкасти кафтани, проѕирни туники или чипкасти проѕирни панталони над костим за капење  

Повеќе идеи за инспирација:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
Модни идеи за жени над 50 години - Што да облечете оваа зима за да бидете во тренд? Според стилистите, важно оваа зима е да не претерате со деталите и со накитот, т...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Летните елеци се нов моден тренд за 2025 – како ги носат модерните дами? (фото) Еден од поновите трендови за лето 2025 се елечињата без прерамки - модерните дев...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg