Осум работи на кои мора да обрнете внимание кога купувате облека онлајн
Облеката со асиметричен и впечатлив крој може да биде проблематична
Најдобро избегнувајте онлајн да купувате парчиња со необичен крој бидејќи ваквата облека мора да ја пробате за да знаете како стои на вашето тело.

Обрнете внимание на ситниците како копчиња и патенти
Секогаш зумирајте ги фотографиите и обрнете внимание и на малите детали, како копчиња и патенти.
На пример, копчињата со три или повеќе дупчиња ќе траат подолго од оние со две.
Ако има видео со моделот во облеката, изгледајте го
Ако на веб-сајтот има видео од моделот во облеката, вреди да го изгледате бидејќи многу подобро ќе видите како изгледа парчето кога сте во движење.
Ќе можете да воочите дали е многу тесно, дали е практично, дали материјалот е проѕирен и слично.

Давајте им предност на фотките со модели
Ќе имате многу подобра претстава за она што го купувате ако можете да видите фотографија со модел.
Кога на фотографијата се гледа само облеката, не можете да претпоставите како ќе изгледа облечена, па поголем е ризикот да нарачате нешто што нема да го облечете.
Спирова С. | Црнобело
