8 летни парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја тренди девојка
Капри панталони
До неодамна ги мразевме и ги гледавме како застарени, но капри панталоните се моментално меѓу најголемите летни трендови.
Модерните девојки ги комбинираат со елегантни влечки, сандали и балетанки.

Широки панталони со висок струк
Ако сакате да ги покриете нозете, тогаш широките панталони се идеални за во жешките летни денови.
Моделите со висок струк, пак, ќе ја нагласат половината и ќе и стојат добро без разлика на типот на вашето тело.
Притоа, опциите за комбинации се безбројни.

Бермуди
Ако сакате лежерна комбинација, но без многу да ги откривате нозете, тогаш бермудите се совршениот избор.
Изгледаат одлично со маички и кошули, како и со патики, влечки или сандали.

Шорцови со рабови на ногавиците
До неодамна популарни беа искинати фармерки, но и шорцови со разресени рабови.
Ова лето, покрај шорцовите со дезен како пижами, доста популарни се и моделите со зашиени рабови кои изгледаат мошне елегантно.

Спирова С. | Црнобело
