8 летни парчиња облека што ги има во гардероберот на секоја тренди девојка
Капри панталони, облека и додатоци со реси, но и шорцови кои изгледаат како пижами – што носат модерните девојки ова лето?

Ако размислувате да се подновите ова лето, модните инфлуенсерки можат да бидат одлична инспирација.
Кои се нивните омилени парчиња за лето 2025?
Плетен фустан
Бохо стилот повторно е хит, а можеби најмногу се истакнуваат плетените летни фустани. Удобни се, изгледаат одлично во комбинација со влечки или сандали, а можете да ги носите и на плажа.

Шорцови како пижами
Минатата пролет огромен хит беа широките панталони кои личат на пижами.
Летово, пак, хит се шорцовите со сличен дезен кои се идеални за лежерни комбинации со патики, но и сандали или балетанки.

Облека со реси
Уште еден тренд инспирирани од бохо стилот. Без разлика дали ќе купите здолниште, блуза или чанта со реси, дефинитивно ќе бидете тренди сезонава.

Долго проѕирно здолниште
Долгите здолништа од тантела се совршени за лето. Можете да ги носите на плажа, а мошне добро се комбинираат и со елегантни, и со полежерни парчиња.

