8 модели на чевли со кои можете да ги комбинирате фустаните летово (за да не изгледате здодевно)
Носете фустани со еспадрили на платформа, но и со хит мрежастите балетанки, комбинирајте ги со патики во силна боја или со штикли во силна летна нијанса - чевли кои летово се хит и може да ги комбинирате со фустани за да не бидете цело време во исто.

Ако ви е смачено од униформираниот изглед и повторување на аутфити со исти чевли, време е за промени.
Наместо секој ден да го бирате истиот пар патики, сандали или штикли, почнете да правите похрабри комбинации.
Фустаните ова лето комбинирајте ги со различни модели на чевли кои се хит сезонава.
Тоа не значи дека треба да ги купите сите можни модели од листата, но одберете неколку и почесто комбинирајте ги со фустани наместо да ви стојат во шкаф.
Идеи со какви чевли да ги носите летните фустани:
Шпицести салонки во силни бои

Транспарентни сандали

Еспадрили на платформа

Мрежести балетанки

Мери Џејн балетанки

Римјанки/гладијаторки

Штикли на врзување

Патики во впечатлива боја

M. M. | Црнобело
