Се враќаат во мода скејтерските патики – како ги носат тренди девојките?
Скејтерската естетика со препознатливите Vans патики и слични на нив се враќа на големата модна сцена – до есен насекаде ќе гледате како се враќа ерата на Skater Girl. Како ги носат овие патики денес модерните девојки?

Веќе неколку години полека, но сигурно, популарните скејтерски Vans патики се враќаат на големата модна сцена.
Но, сега, и многу други луксузни брендови почнаа да прават слични модели, а некои, како Valentino, дури имаат и соработки со познатиот бренд.

Valentino / есен-зима 2026

Овие патики дефинитивно потсетуваат на скејтерската ера, Аврил Лавињ, лежерен стил и дружба во некој скејт-парк во 2000-ите години.
Но, како денес ги комбинираат модерните девојки овие патики, кои се очекува да достигнат вистински бум во популарноста во есен 2025?

Инспирирајте се во продолжение:
М. М. | Црнобело
