Како да изберете фармерки што ќе ви стојат добро (и како да ви траат подолго)?
Перете ги превртени наопаку
За да ја заштитите бојата, препорачливо е да ги превртите фармерките наопаку кога ги перете. На овој начин ќе ги заштитите и патентот и копчето.
Исто така, најдобро е да ги перете со студена вода и со понежни детергенти.
Однесете ги на кројач
Секогаш можете да ги преправите фармерките на кројач.
Сигурно ви се случило да најдете модел кој ви стои совршено, но да е премногу долг. Кројачот лесно ќе го реши овој проблем.
Дури и ако ослабите, можете да ги однесете фармерките да ви ги коригираат за да не купувате нови.
Проверете го составот
Секогаш е важно да го проверувате составот на облеката што ја купувате.
Кога се во прашање фармерки, составот зависи од моделот.
Ако купувате тесни фармерки, препорачливо е да имаат еластин (околу 3%) бидејќи ќе изгледаат подобро ако се малку растегливи.
За другите, пошироки модели, барајте фармерки кои се направени од памук.
Не ги сушете во машина за сушење
Избегнувајте да ги ставате фармерките во машина за сушење бидејќи топлината со текот на времето ќе им ја уништи бојата, но и формата.
Обрнете внимание на струкот
Важно е да го земете предвид и струкот на фармерките. Ако ви се точни на задникот и нозете, но кај струкот забележувате простор, тогаш се премногу широки за вас.
Струкот не треба ни премногу да ве стега и да ви биде непријатно бидејќи само ќе ви го истакне стомакот (дури и да ви е мал).
Струкот на фармерките треба да биде доволно тесен за да не мора да користите колан, но и доволно широк за да имате простор за дишење.
За да проверите дали е со соодветна големина за вас, пробајте да протнете два прста меѓу струкот на фармерките и половината. Ако ги собира точно двата прста, би требало да ви стојат добро.
Исто така, направете и тест со седнување – кога ќе седнете, струкот не треба да биде одделен од вашата половина, но и не треба да чувствувате притисок од него.
Спирова С. | Црнобело
