Како да изберете фармерки што ќе ви стојат добро (и како да ви траат подолго)?

Ако фармерките имаат набори кај делот со патентот, тогаш не ви се точни, а ако купувате широк модел, идеално е да биде направен од памук.

kako-da-izberete-farmerki-shto-kje-vi-stojat-dobro-i-kako-da-vi-traat-podolgo-01.jpg

Воопшто не е лесно да се најдат фармерки што ни стојат добро – има безброј модели, а и големините можат да варираат во зависност од продавницата или местото каде се произведени.

Некогаш проблем се и квалитетот и начинот на изработка, па дури и да ви се точни, сепак да не ви се допаѓа како изгледаат на вас.

Па, како да изберете фармерки што ќе ви стојат добро, но и како да ви траат подолго?

Ако се прават набори, не ви се точни

Кога ќе ги пробате фармерките, обрнете внимание дали се прават набори на делот каде што почнуваат ногавиците.

Ако е во прашање потесен модел, фармерките треба да бидат залепени за вас, а не да бидат стуткани дури и кога стоите исправено.

Кај пошироките модели, предниот дел на фармерките, каде што е поставен патентот, не треба да биде испакнат – тоа е знак дека ви се широки.

kako-da-izberete-farmerki-shto-kje-vi-stojat-dobro-i-kako-da-vi-traat-podolgo-02.JPG

Не се потпирајте само на големината

Големината на облеката може да варира од продавница до продавница, па немојте да се потпирате само на неа.

На пример, фармерките од американски бренд може да се поголеми од оние што ги продава европски бренд, без разлика што и двата модела се со број 30.

Исто така, обрнете внимание и на материјалот – ако фармерките се растегливи, може да  ви треба помал број. Доколку не се растегаат, можно е да треба да купите поглем број.

Генерално, секогаш пробајте неколку различни броеви за да најдете што ви стои најдобро.

kako-da-izberete-farmerki-shto-kje-vi-stojat-dobro-i-kako-da-vi-traat-podolgo-03.jpg

Обрнете внимание на џебовите

Поставеноста на џебовите има огромно влијание врз тоа како ќе ви стојат фармерките.

Задните џебови не треба да бидат поставени ни премногу ниско, ни премногу високо.

Идеално е долниот дел на џебот да почнува веднаш над местото каде што се спојуваат нозете и задникот.

Вака поставените џебови прават задникот да изгледа подобро.

Исто така важна е и големината на џебовите – избегнувајте модели со премногу големи или со премали џебови.

kako-da-izberete-farmerki-shto-kje-vi-stojat-dobro-i-kako-da-vi-traat-podolgo-04.jpg

Немојте да ги перете многу често

Со секое перење, бојата на фармерките малку избелува и затоа е препорачливо да не ги перете по секое носење.

Бодејќи се од дебел материјал, фармерките слободно можете да ги облечете и четири, пет, па и повеќепати пред да ги исперете.

kako-da-izberete-farmerki-shto-kje-vi-stojat-dobro-i-kako-da-vi-traat-podolgo-05.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
8 модели на панталони кои се тренд и ќе ги засенат фармерките во 2025-та Широки palazzo панталони кои делуваат како долго здолниште, кожени панталони, ши...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg