Водителката на „Никад није касно“ е модна дама на 60 години - партнерот ја оставил бремена со близнаци, денес блеска
Партнерот ја напуштил додека била бремена со близнаците Бобан и Бојан, но таа како самохрана мајка ги одгледала и денес е среќна жена и префинета модна дама. „Вечно ќе сме ѝ благодарни“, велат синовите за неа.

Драгана Катиќ (60) е српска водителка, родена во Белград, која со години работи во „Гранд продукција“ и ја води емисијата „Никад није касно“.

Таа е самохрана мајка и има два сина близнаци Бобан и Бојан, кои сега имаат 27 години.
Еден од најтажните моменти кој го споделила во медиумите е дека партнерот ја напуштил додека била бремена со близнаците.

Во една пригода на тема самохраното родителство таа изјави:
„Човек се плаши кога ќе дојдат проблемите. Кога е убаво, сѐ можеш сам, но кога ќе дојдат проблеми и предизвици, кога треба сам да решиш нешто како родител, да донесеш крупна одлука – сѐ е тешко. Апсолутно сѐ.
Но, колку и да е тешко, не може да се опише таа неизмерна среќа кога ќе успееш во нешто, како што јас конкретно успеав да имам две млади, здрави, чисти, морални, успешни суштества, кои самостојно одат по својот пат и ги остваруваат своите соништа и цели, а сѐ уште се во контакт со својата мајка“.

Нејзините синови, пак, за неа изјавија:
„Нашата мајка нè одгледа сама, во моменти кога ни таа немаше никого покрај себе.
Некако ние тројцата си бевме сè еден на друг, се сакавме најмногу и вечно ќе сме ѝ благодарни за секој момент“.


