Капутот како скроен за секоја жена е омилен на Јелена Ѓоковиќ - Безвременскиот модел е хит за есен 2025

Капутот кој е спој на класика и елеганција е повторно во мода, а најдоброто од сè е што ѝ прилега на секоја жена.

kaputot-kako-skroen-za-sekoja-zhena-e-omilen-na-jelena-gjokovikj-bezvremenskiot-model-e-hit-za-esen-2025-01.jpg

Како почнуваат постудените денови, така ги вадиме капутите од плакар, и се спремаме за доцната есен и почетокот на зимата.

А оваа есен, во мода се враќа капутот со безвременски изглед, чиј модел ѝ стои одлично на секоја жена (и кој, најверојатно го имате и виде дома).

Станува збор за модел до под колена, без копчиња, со широка јака и ремен со кој го врзувате околу половината, и го прилагодувате на вашето тело.

kaputot-kako-skroen-za-sekoja-zhena-e-omilen-na-jelena-gjokovikj-bezvremenskiot-model-e-hit-za-esen-2025-02_copy.jpg

Бојата може да варира од нијанси на сиво, преку крем и кафеаво, до црно.

Притоа, одлично се комбинира со патики, чизми, високи потпетици, со спортска и елегантна гардероба.

Во еден ваков модел неодамна се прошета и Јелена Ѓоковиќ во Париз, а го нудат и повеќето големи и мали брендови во својата есенска понуда.

Погледнете повеќе фотографии од безвременскиот капут со кој ќе бидете во тренд оваа есен:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Еден модел на панталони со кој сите се опседнати (и треба да им дадете шанса) Модерните девојки кои диктираат трендови периодов се опседнати со едно парче обл...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода) Беж чизмите до глужд со патент и дрвена штикла заменете ги уште веднаш со чокола...
Пет модни трикови со кои ќе го подобрите изгледот на стариот (и здодевен) капут Ставете колан врз капутот или, пак, голема впечатлива ракавица врз ракавот. С...

Најчитани неделава