6-те омилени модни додатоци на инфлуенсерките за есен и зима 2025

Машка вратоврска во аутфит со сако, марама врзана на половината врз капут или сако, ракавици во боја...

6-te-omileni-modni-dodatoci-na-influenserkite-za-esen-i-zima-2025-01.jpg

Модните додатоци се особено важни бидејќи можат драстично да го променат изгледот на целиот аутфит.

Дури и едноставната комбинација од фармерки, џемпер и капут може да изгледа многу постилски со правилно избрани додатоци.

Шест модни додатоци кои се најголем хит за есен/зима 2025:

„Мачкести“ очила

Таканаречените „мачкести“ очила се совршен спој на модерно и винтиџ и се вклопуваат одлично во зимските и есенските комбинации.

Покрај очилата за сонце, ако носите очила за гледање и планирате да купувате нови, токму овој модел е вистински хит.

6-te-omileni-modni-dodatoci-na-influenserkite-za-esen-i-zima-2025-02.jpg

Кожени ракавици во боја

Црните кожени ракавици се класика, но моделите во боја како да ги оживуваат есенските и зимските комбинации.

Вистински хит се ракавиците со „богати“ нијанси, како боја на сенф, темновиолетова, темнозелена, но и бордо.

6-te-omileni-modni-dodatoci-na-influenserkite-za-esen-i-zima-2025-03.jpg

Машка вратоврска

Во 2000-тите, Аврил Лавињ ги прослави машките вратоврски во женските лежерни аутфити, а сега популарноста повторно им се зголемува.

Но, не само во лежерни комбинации – изгледаат навистина добро и во деловни и елегантни аутифити, со сако.

6-te-omileni-modni-dodatoci-na-influenserkite-za-esen-i-zima-2025-04.jpg

Марама

Марамите за глава се актуелни веќе неколку години.

Но, оваа есен трендсетерките почнаа да ги носат врзани на половината, врз палто или сако.

6-te-omileni-modni-dodatoci-na-influenserkite-za-esen-i-zima-2025-05.jpg

Чанта со ланец

Чантите со ланец можат да бидат одличен акцент на целата комбинација, а се вклопуваат со скоро секакви аутфити – од лежерни, до поелегантни.

6-te-omileni-modni-dodatoci-na-influenserkite-za-esen-i-zima-2025-06.jpg

Капа со врвки

Можеби делуваат малку ретро, но капите со врвки изгледаат навистина добро.

Лесно се комбинираат со широки капути, кожени јакни, но и широки сакоа.

6-te-omileni-modni-dodatoci-na-influenserkite-za-esen-i-zima-2025-07.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
Комбинации со чизмите кои се хит за оваа сезона – ги обожаваат и Македонките (фото) Оригиналните Givenchy чизми на преклоп кои ги носи Аделина се околу 4.000 евра, ...

Најчитани неделава