Комбинации со чизмите кои се хит за оваа сезона – ги обожаваат и Македонките (фото)

Оригиналните Givenchy чизми на преклоп кои ги носи Аделина се околу 4.000 евра, но поевтините брендови имаат повеќе верзии на овие хит чизми, кои девојките кај нас и во светот ги комбинираат најчесто со мини аутфити. Како да ги носите хит чизмите за есен-зима 2025/26?

kombinacii-so-chizmite-koi-se-hit-za-ovaa-sezona-gi-obozhavaat-i-makedonkite-foto-01.jpg

За сезона есен-зима 2025-26 хит се високите црни чизми на штикла, со впечатлив преклоп одозгора, кој делува како да има посебен дел над чевлите.

Трендсетерките го обожаваат овој модел, а најчесто го комбинираат со црни и кратки аутфити за чизмите да дојдат до израз, но ги носат и со тесни панталони или кожени хеланки.

Оригиналните Givenchy чизми со препознатливото катанче како приврзок чинат околу 4.000 евра, но посекојдневните модни брендови, како ZARA, Bershka и други, имаат направено повеќе верзии на овој модел.

kombinacii-so-chizmite-koi-se-hit-za-ovaa-sezona-gi-obozhavaat-i-makedonkite-foto-02.jpg

Може да се најдат со висока и тенка или подебела штикла, со шпиц или позаоблен врв и други детали кои ги прават поразлични.

Од дамите во Македонија, Аделина го обожава оригиналниот Givenchy модел и веќе неколкупати ги има покажано во различни аутфити, а неодамна и инфлуенсерката Марис ги искомбинира за вечерно излегување.

kombinacii-so-chizmite-koi-se-hit-za-ovaa-sezona-gi-obozhavaat-i-makedonkite-foto-02_1.jpg

kombinacii-so-chizmite-koi-se-hit-za-ovaa-sezona-gi-obozhavaat-i-makedonkite-foto-03.jpg

Идеи за комбинирање:

 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...
Идеи за есенски аутфити ако сакате ќерката да ја облечете како мини стилска икона (фото) Бутиците се преполни со трендовски парчиња дури и за најмалите – како да ги комб...
Кобалтно сината е најпопуларната боја за 2026-та – како да ја комбинирате? (фото) Ако не сакате да ризикувате, можете да ја освежите комбинацијата со кобалтно син...
5 принтови кои ќе бидат хит до крајот на летото + предлог комбинации (фото) „Кабана“ ригите кои се како синоним за лето, но и малите точки кои се популарни ...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
6 тренди комбинации за жени - може да ги носите во секоја пригода во пролет 2026 Без оглед дали се подготвувате за на концерт, гостинка сте на матурска прослава,...

Најчитани неделава