По „mob wife“, инфлуенсерките се облекуваат како „богата мајка“: Предлог комбинации за популарниот тренд (фото)
За разлика од mob wife, новиот тренд познат како rich mom (богата мајка) е минималистички и се фокусира на едноставни и елегантни парчиња кои се квалитетни. Во аутфтите доминираат нежни, неутрални бои, а накитот е минималистички.

Минатата зима, еден од најголемите модни трендови беше mob wife, односно тренд инспириран од стилот на сопругите на мафијашите.
Но, оваа сезона, сè популарен станува нов тренд, познат како rich mom (богата мајка).
Минимализмот и елеганцијата доминираат во светот на модата веќе некој период, а новиот тренд е токму ова.
Го споредуваат и со таканаречениот „тивок луксуз“, односно фокус на квалитетни парчиња кои изгледаат скапо, но кои немаат видливи имиња на луксузни брендови.
За разлика од mob wife, овој тренд се фокусира на едноставни аутфити со убав крој. Се избегнуваат дречливи бои и доминираат нежни неутрални тонови – од крем и беж, до сини нијанси.
Важен е и материјалот – им се дава предност на природни влакна, како кашмир, лен, свила и волна, кои обично се и знак за квалитет.
Роузи Хантингтон Вајтли е меѓу славните жени кои одамна го следат овој стил, па можете да ги искористите нејзините аутфити за инспирација.
Иако трендот се нарекува „богата мајка“, воопшто не ви треба гардеробер полн со скапа дизајнерка облека бидејќи и реално, ретко кој може да си ја дозволи.
Доволно е да вложите во неколку квалитетни парчиња кои важат за класика како сако со добар крој, квалитетен џемпер, широки елегантни панталони, квалитетна чанта без многу детали и едноставен накит.
Неколку фотки за инспирација:
Спирова С. | Црнобело