Модни парчиња што секоја жена над 30 треба да ги има (бидејќи се комбинираат со сè)
Квалитетни рамни чевли, сако во неутрална боја, како и фармерки со рамен крој.

Со толку многу трендови кои се менуваат преку ноќ, некогаш сигурно ви е тешко да изберете што да купите.
Ако не ви се ризикува со парчиња што ќе ги облечете само еднаш-двапати, секогаш е добро да се вратите на основата.
До 30-тата година веќе треба да имате некои основни парчиња во гардероберот кои лесно се комбинираат едни со други, за лесно да можете да направите аутфит за секаква пригода.
Десет вакви парчиња во продолжение:
Сако
Сакото е идеално за речиси секаква пригода – од деловен настан, до вечерно излегување.
Најдобро е да купите еднобоен модел во неутрална нијанса за полесно да го комбинирате со други парчиња.

Бела кошула
И белата кошула е погодна за секаква пригода, а можете да ја комбинирате и со елегантни, и со полежерни парчиња.

Кардиган
Кардиганот е парче што можете да го носите во текот на целата година.
Во зима може да биде уште еден слој кој ќе ве стопли, а истовремено можете да го носите и во постудените летни ноќи.
Изгледа одлично со фармерки, здолништа и фустани, а резултатот е лежерен изглед кој не бара многу труд.

Широка маичка
Широката маичка можете да ја носите со сако, со кардиган, со фармерки, со здолниште…
Изберете еднобоен модел без принтови или со нешто минималистичко, за да можете да ја комбинирате со сè.

Фармерки со рамен крој
Фармерките се безвремени, но оние со рамен крој се модел кој никогаш нема да биде демоде.
Можете да ги носите и со патики и со поелегантни чевли, а ова ги прави погодни за скоро секакви пригоди.
