Чести модни грешки со кои самите несвесно си додавате години
Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед. Но, во реалноста, тие само ќе ја нагласат вашата желба да изгледате младо, но нема да го постигнете посакуваниот ефект.

Секоја жена сака да изгледа помладо без оглед на возраста.
Голема улога во тоа има нејзиниот стил на облекување, како и модните додатоци кои ги става.
И иако некои жени успеваат да го постигнат токму тоа - да делуваат помладо од она што се, други го прават сосема спротивното, па прават модни грешки кои им додаваат години.
Стилистите имаат неколку совети како да ги избегнете најчестите модни грешки кои додаваат години:
Премногу модни додатоци
Понекогаш луѓето пробуваат да изгледаат „скапо“ така што ќе стават премногу накит и модни додатоци на себе. Но, тајната е во тоа што треба да направите баланс, за да постигнете луксузен и ненаметлив изглед.
Изберете 1 или 2 впечатливи парчиња кои ќе се истакнуваат, а потоа дополнете ги со уште 1-2 минималистички парчиња.
Преголемиот број прстени, на пример, изгледа евтино. А ако на тоа додадете часовник или алка, дополнително ќе го влошите изгледот.

Искинати фармерки
Многу жени избираат искинати фармерки со надеж дека ќе им дадат младешки изглед.
Но, во реалноста, тие само ќе ја нагласат вашата желба да изгледате младо.
Ако не сакате да носите класични модели, тогаш изберете фармерки кои се искинати на или околу џебовите, но дискретно.

Класичен начин за носење бисери
Бисерите за многумина се асоцијација на стари дами со аристократско потекло, па токму затоа кога ќе ставите бисери, тие може да ви додадат години, визуелно.
Но, ако сте љубител на бисерите, тогаш наместо класичните, изберете помладешки модели, комбинирајте ги со друг накит, носете ги дури и со фармерки.

Премногу неутрално (nude) тонови
Облеката во крем и беж боја им е фаворит на многу жени, без оглед на возраста.
Токмо е дека делува елегантно, но ако не сакате да изгледате постаро од она што сте, треба да избегнувате да бидете облечени во овие нијанси од глава до петици.
За да не си додадете години самите на себе, или да не ви бидат нагласени брчките на лицето, изберете само едно неутрално парче, а потоа комбинирајте го со нешто во впечатлива боја.

