9 модни парчиња кои не треба да ги купувате за есен-зима 2025 (излезени се од мода)
Високи UGG чизми
Некои ги мразат во секоја варијанта, но ако ги сакавте високите класични чизми, време е да ги замените со пресечениот модел кој наликува на папуча ако сакате да сте во тренд.

Кратки чорапи кои не се гледаат и гол глужд
Во ред е да ги практикувате некаде и некогаш, но кога станува збор за есенска и зимска мода, миленијалците ќе мора да се откажат од нив и да ги заменат со удобни високи чорапи кои одговараат на комбинацијата.

Високи чизми над колена
Можеби никогаш не сте биле фан, но ако сте, сега веќе е тешко да се вклопат во модерните комбинации, а посвежа и модерна верзија се чизмите до колена, уште подобро ако се со крокодилски дезен.

Полнети чанти со златен синџир
Нема нешто посебно лошо во нив, едноставно сега повеќе се носат мини чанти за на рамо со едноставна форма наместо оние кои личат на надуван душек. Безвременски се.

Ланчиња со монограм
Овие ланчиња со имиња, комбинација од букви и симболи се многу застарени, сега се помодерни ланчиња во неколку слоеви, со суптилни иницијали или приврзоци со значење.

М. М. | Црнобело
