5 модели на здолништа што ќе бидат хит оваа зима (и 4 што веќе се демоде)
Здолништа со цветен дезен
Цветниот дезен постојано се појавува и исчезнува, а оваа зима ќе го гледаме ретко.
Главно ова е дезен што не се вклопува најдобро со зимски и есенски комбинации, па прескокнете го за студените денови.

Кадифено здолниште
Минатата година, кадифените здолништа, но и панталони, беа огромен хит.
Сепак, популарноста им се намалува, но ако сакате нешто слично, можете да експериментирате со плетени здолништа.

Карго здолниште
Карго панталоните уште се хит, но здолништата не ја стекнаа истата популарност.
Генерално е потешко да се комбинираат, а и не им стојат добро на сите.

Балон здолниште
Балон здолништата беа хит пред повеќе од една деценија, за повторно да се вратат годинава.
Но, бидејќи не им стојат добро на сите и додаваат волумен во нозете и колковите, веќе не се толку популарни.

Спирова С. | Црнобело
