5 модели на здолништа што ќе бидат хит оваа зима (и 4 што веќе се демоде)
Додека карираните и тексас здолништата се мошне популарни, карго здолништата веќе се сметаат за демоде.

Во комбинација со дебели хулахопки, здолништата можат да бидат идеално парче за во зима.
Им даваат доза елеганција на сите комбинации, а има модели што се вклопуваат во сечиј стил.
Пет модeли на здолништа што ќе бидат хит оваа зима:
Карирано здолниште
Карираните здолништа стануваат популарни со почетокот на секоја есен, но годинава се меѓу најголемите хитови.
Покрај мини здолништата, мошне добро изгледаат и подолгите модели, секако во комбинација и со џемпери, и со кошули.

Долго кожно здолниште
Кожните здолништа се малку посмели, но ако сакате да се истакнете, слободно експериментирајте со нив оваа зима.
Додека кратките здолништа се повеќе за излегување во дискотека, годинава мошне поларни се долгите модели кои изгледаат многу елегантно.

Сатенско здолниште со тантела
Сатенските фустани и здолништа беа сеприсутни ова лето, а сега се хит и за зимските комбинации.
Единствена разлика е што оваа зима ќе бидат популарни моделите украсени со тантела.
Изгледаат мошне добро во комбинација со кожени чизми, но и со дебели џемпери.

Миди плисирано здолниште
Миди плисираните здолништа се совршени за деловни и поелегантни зимски комбинации.
Најпопуларни се моделите со сива нијанса кои се идеални за минималистички комбинации.
Добро изгледаат и со повпечатливи чизми.

Долго тексас здолниште
Популарноста на тексас здолништата не се намалува, а долгите модели ќе бидат хит и оваа зима.
Идеални се за лежерни комбинации, но можете да ги носите и со поелегантни парчиња.
Притоа, изгледаат добро и со чизми и со патики.

