Омилените зимски парчиња на Французинките со кои ќе изгледате тренди и на минусни температури
Удобните чизми до колена, но и ролката се омилени парчиња на Французинките за во зима. Што друго носат за да изгледаат тренди и на минусни температури?

Ако сте како повеќето, веројатно во зима не сте модна икона и поважно ви е да ви биде топло и удобно.
А, дури и да се потрудите околу комбинацијата, кога ќе излезете надвор, секако ќе ја скриете со огромна јакна или капут и шал.
Но, Французинките, кои отсекогаш биле модна инспирација за жените ширум светот, знаат како да изгледаат модерно, дури и кога е многу студено.
Кои се нивните седум омилени парчиња за во зима?
Долг капут
Бидејќи ќе го носите речиси постојано, вреди да вложите во убав и квалитетен капут.
Најдобро изберете долг модел кој изгледа елегантно и кој можете да го комбинирате со секое парче во вашиот гардеробер.
Со долг капут секогаш ќе изгледате модерно, без разлика дали носите плетен фустан, фармерки, џемпер, чизми или патики.

Удобни чизми до колена
Чевлите се уште еден важен детаљ во зимските комбинации и покрај тоа што треба да изгледаат убаво, важно е да ви бидат и удобни и да ве заштитат од влага и студ.
За ова идеални се чизмите до колена, од материјал кој не пропушта вода.
Чизмите до колена можете да ги комбинирате со здолништа и фустани со различна должина, но исто добро изгледаат и со панталони и фармерки.
И, секако, одлично изгледаат со капут.

Џемпер преку рамената
За комбинацијата да изгледа поелегантно, преку капутот можете да ставите џемпер на рамената.
Овој детаљ асоцира на „old money“ естетиката и може да ја освежи и наједноставната комбинација.
Иако ова е тренд што обично доминира во есен, Французинките го практикуваат и во зима.
