Омилените зимски парчиња на Французинките со кои ќе изгледате тренди и на минусни температури
Макси здолниште
Со дебели хулахопки, и мини здолништата се идеални за во зима. Но, вреди да купите и еден макси модел.
Со долго здолниште ќе ви биде потопло, а можете лесно да го комбинирате со едноставни парчиња како џемпер, високи чизми, долг капут…

Џемпер со копчиња
Џемперот со копчиња можете да во вметнете и во лежерни, и во поелегантни комбинации.
Изгледа мошне добро со фармерки и патики, но може да изгледа тренди и со елегантни панталони и чизми.

Крзнена бунда
Кратките бунди од лажно крзно се огромен хит оваа сезона, а се вистинско освежување за зимските комбинации.
Најважно е што изгледа добро и со лежерни и со елегантни комбинации.

Ролка
Ролката е задолжително парче облека за зимските месеци бидејќи лесно се вклопува во секакви комбинации.
Можете да ја носите само неа или да ја комбинирате со сако, џемпер со копчиња, елек…

Спирова С. | Црнобело