Седум модни парчиња што ќе бидат популарни во текот на целата година
Чевли со отворена пета и ремче
Овие модели, познати и како slingbacks веќе доминираат на модните писти, а сè почесто ги гледаме и кај трендсетерките.
Имаат мала штикла, што ги први поелегантни, но истовремено и удобни за носење.
Изгледаат доста елегантно, па се одлични за вечерни и деловни комбинации, но можете да ги комбинирате и со полежерни парчиња.
Впечатливо здолниште
Без разлика дали има уникатен крој или впечатлив дезен, здолништата кои се акцент на аутфитот ќе бидат огромен хит годинава.
Најдобро е да ги комбинирате со поминималистички парчиња за аутфитот да не делува премногу нападно.
Впечатлив капут
Како здолништето, во зимските месеци и капутот може да биде акцент на целиот аутфит.
Наместо минималистичките еднобојни модели, слободно вложете со капут со впечатлив крој, дезен, додатоци…
И, ќе изгледате одлично без многу да размислувате што да носите.
Чанта со синџирче
Чантите со синџирче како прерамка се идеални ако сакате да ѝ дадете доза елеганција на комбинацијата.
Самото синџирче може да делува како накит, а овие модели се добри и за полежерни, и за поелегантни аутфити.
Спирова С. | Црнобело
