Седум модни парчиња што ќе бидат популарни во текот на целата година

Кожена јакна која веќе е класика, чевли со отворена пета и ремче, но и елегантна блуза со панделка.

sedum-modni-parchinja-shto-kje-bidat-popularni-vo-tekot-na-celata-godina-01.jpg

Можеби среде зима не размислувате за летна облека, но добро е да знаете што ќе биде хит годинава ако сакате да најдете нешто за пониска цена.

Иако трендовите брзо се менуваат, некои парчиња ќе доминираат во текот на целата година, па нема да погрешите ако ги купите уште сега.

Седум парчиња што ќе бидат популарни во текот на целата година:

Кожена јакна

Кожената јакна е класика што не излегува од мода, но секоја година популарна е различна варијанта.

Оваа година хит се пошироките модели кои се идеални за слоевито облекување – можете да ги носите со дебели џемпери дури и во зима.

Ако не сакате да експериментирате со тренди модели, секогаш вреди да вложите во класична кожена јакна бидејќи сигурно ќе ја носите со години.

sedum-modni-parchinja-shto-kje-bidat-popularni-vo-tekot-na-celata-godina-02.JPG

Блуза со панделка

Панделките беа популарни и минатата година, но блузите со ваков детаљ ќе и гледаме насекаде во 2026-та.

Идеални се за деловни комбинации, а изгледаат совршено со панталони си висок струк.

Но, истовремено, можете да ги носите и со фармерки, па и со кожна јакна со поелегантен крој.

sedum-modni-parchinja-shto-kje-bidat-popularni-vo-tekot-na-celata-godina-03.JPG

Фармерки со рамни ногавици

Пошироките модели на фармерки доминираат веќе неколку години, а во 2026-та, најголем хит ќе бидат оние со рамни ногавици.

Изгледаат одлично на секаков тип тело, а можат да се вметнат и во лежерни, и во поелегантни комбинации.

Притоа, се носат со чизми, со патики, со балетанки, со сандали, па се идеални за секоја сезона.

sedum-modni-parchinja-shto-kje-bidat-popularni-vo-tekot-na-celata-godina-04.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
8 модели на чанти кои ќе доминираат по крајот на летото – хит за есен 2025 Змиски принт, големи чанти во кои собира и облека за викенд патување, кафеави ча...
7 модели на чевли кои ќе се носат во есен 2025 (и веќе ги има во модните продавници) Чизми со набори, високи јавачки модели, каубојки, но и такви со животински принт...
5 модели на чанти кои им се омилени на парижанките (а се модерни и кај нас) Eдна од стилските тајни на парижанките е таа што тие не носат тренди чанти, туку...
8 модели на чевли што ќе доминираат во пролет 2026 (иако повеќето се чудни) Проѕирните чевли изгледа повторно се враќаат во мода (за жал), а ќе доминираат и...

Најчитани неделава