Шест модни грешки со кои си додавате килограми (а не ни забележувате)
Нагласувате погрешни делови од телото и погрешно ги комбинирате чевлите.

Облеката што ја носите може да направи да изгледате пошироко, дури и ако сте генерално послаби.
Па, ако не сакате визуелно да си додавате килограми, треба обрнете внимание на некои ситници.
Шест грешки со кои несвесно си додавате килограми:
Ги занемарувате вашите пропорции
Широки или тесни рамена, подолги или пократки нозе… Никогаш не треба да ги занемарите вашите пропорции кога купувате облека.
Без разлика дали сте во топ форма или имате некој килограм плус, мора да обрнете внимание на пропорциите.
Најпрво одредете каква форма има вашето тело, па според тоа истражете кои делови треба да ги нагласите со облеката.
И, секогаш ќе изгледате беспрекорно.

Не правите рамнотежа
Кога носите нешто широко, важно е да го искомбинирате и со нешто потесно.
Ако, на пример, облечете широко здолниште со широка кошула, нормално дека ќе изгледате поголемо.
Па, потрудете се секогаш да има рамнотежа.

Не ја нагласувате половината
Нагласената половина значително го подобрува изгледот, а ова особено се истакнува кај пониски дами.
Па, ако сакате да изгледате послабо и да скриете некој килограм, истакнете ја половината со колан.

Додавате волумен на погрешно место
Големите дезени, светлите бои и широките парчиња визуелно додаваат волумен.
Па, не треба да ги ставате на најшироките делови од телото.
На пример, ако имате широки колкови и тесни рамена, тогаш е подобро да облечете горен впечатлив дел, додека за панталони или здолниште да изберете нешто посуптилно.

Не обрнувате внимание на линијата и кројот на облеката
Ако јакната ви завршува на колковите, тогаш ќе го истакне тој дело од телото.
Ако здолништето ви е до листовите, може да направи нозете ад ви изгледаат пошироки.
Ако носите кошула со карнери, тогаш ги истакнувате рамената.
Важно е да обрнувате внимание на кројот на облеката и да ја изберете според вашиот тип на тело.

Погрешно ги комбинирате чевлите
Чевлите имаат огромно влијание врз целокупниот изглед.
На пример, ако облечете кратко здолниште со затворени чевли до глуждовите, нозете ќе ви изгледаат пократки. Но, ако го комбинирате со поотворени чевли, како салонки, па и ниски балетанки, ќе го постигнете спротивниот ефект.
Сандалите, балетанките и чевлите со шпиц изгледаат најдобро со здолништа. Од друга страна, кратките чизмички, патиките и слично, изгледаат подобро со фармерки.

Спирова С. | Црнобело
