Ленените панталони ќе доминираат ова лето – како да ги комбинирате? (фото)
Доста популарни се ленените комплети, а сите модели на ленени панталони изгледаат одлично со широка кошула. За вечни излегувања можете да комбинирате ленени панталони со висок струк и кроп топ.

Секое лето, ленот се враќа во фокусот на модата и е меѓу омилените материјали кога температурите се многу високи.
Лесен е, ѝ дозволува на кожата да „дише“, а притоа изгледа навистина елегантно.
Изминативе неколку сезони, а особено оваа година, огромен хит се ленените панталони кои многу лесно се вметнуваат во летните комбинации.
Бидејќи има безброј модели и дезени, можат да изгледаат добро и во лежерни, и во елегантни комбинации.
Доста популарни се ленените комплети за кои треба само да изберете накит и чевли. Сите модели, пак, изгледаат многу добро со широка кошула од лен или памук.
За вечерни излегувања можете да комбинирате ленени панталони со висок струк со кроп топ или впечатлива маичка, додека за дневните излегувања, идеални се пошироките панталони кои изгледаат добро со скоро секаков топ.
Немa да погрешите ако ги облечете и со сандали и со апостолки, но и со патики.
Како да ги носите ленените панталони ова лето?
Спирова С. | Црнобело
