5 задолжителни модни додатоци за лето 2026 (секоја стилска девојка треба да ги има)
Тивкиот луксуз се заменува со впечатливи аксесоари кои имаат карактер - обетки во секакви форми и бои, плетени капчиња за на глава, големи очила за сонце како во 2000-тите... Кои додатоци се хит за лето 2026?

За комплетен летен изглед кој делува впечатливо и шик, никогаш не е доволна само облеката.
За да изгледате средено, без да вложувате премногу труд, тајната е во модните додатоци кои совршено ја дополнуваат секоја комбинација.
Ова лето има неколку трендови, кои не се воопшто нови, но повторно се враќаат во мода впечатливите аксесоари.
За разлика од едноставниот и минималистички изглед кој доминираше досега, ова лето се носат бои, текстури и парчиња кои имаат карактер.
5 додатоци кои треба да ги имате ова лето:
Плетени торби од рафија со цврст облик

Бисери и монисти во сите облици, бои и на секаков накит и додатоци

Плетени капчиња за на глава со ретро естетика

Големи црни очила за сонце како во 2000-тите

Максималистички обетки со морски или цветни мотиви

M. M. | Црнобело