Пет тренди идеи за комбинирање кратки панталони ова лето
Комбинацијата од бела маичка и тексас кратки панталони е летна класика со која нема да погрешите, а доста добро изгледаат и кратки панталони со елек.

Од тексас, до елегантни модели и бермуди, кратките панталони се меѓу омилените летни парчиња.
Благодарение на разните модели, можат да се комбинираат со апсолутно сè и се идеални и за лежерни и за поелегантни комбинации.
Пет тренди идеи како да ги комбинирате ова лето:
Со широка кошула
Бермудите се како поелегантна алтернатива на кратките панталони, па се идеални ако сакате префинет изглед кога е многу топло.
Изгледаат навистина добро со еднобојна широка кошула, а комбинацијата можете да ја дополните со елегантни сандали или влечки со мала потпетица.
Широката кошула ќе изгледа добро и со тексас кратки панталони.

Со бела маичка
Ова е наједноставната летна формула, а секогаш изгледа стилски.
Комбинацијата од бела маичка и тексас кратки панталони изгледа добро со патики, влечки, сандали и балетанки, а можете да ја дополните со широка сламена торба – модел кој доминира ова лето.

Со елек
Веќе неколку сезони елекот е голем фаворит за летните аутфити, а изгледа мошне добро и со кратки панталони.
Может да го комбинирате со поелегантни модели, со бермуди, но и со тексас панталони.

Со светла блуза со тантела
Нежната тантела е задолжителен детаљ за летните комбинации.
Елегантните блузи украсени со тантела изгледаат совршено во комбинација со кратки панталони.
Панталоните со повпечатливи бои и блузата со светла нијанса се мошне добар летен спој.
Комбинацијата можете да ја дополните со елегантни влечки и чанта.

Со кардиган
Кардиганот е парче што се носи во секоја сезона, дури и во лето кога ноќите се малку постудени.
Лесно се комбинира, а изгледа мошне добро со кратки панталони, особено елегантни модели, како сатенски.

Спирова С. | Црнобело