Нов моден хит: Црвената и сината се идеален летен спој – како да ги носите? (фото)
Црвено-сината комбинација изгледа мошне добро на костими за капење, летни фустани и модни додатоци, а впечатливите бои лесно се комбинираат и со неутрални тонови.

И црвената и сината се впечатливи бои, па можеби не би ви биле прв избор за комбинација.
Но, во морето неутрални тонови, овие нијанси одлично се дополнуваат една со друга и се вистинско летно освежување.
Црвената и сината изгледаат мошне добро на костими за капење, летни фустани, модни додатоци...
Можете да ги користите поумерено, како суптилен акцент, но можат и да доминираат ако сакате пожива и повпечатлива комбинација.
Притоа, лесно се комбинираат со понеутрални бои како бела или кафеава ако сакате малку рамнотежа
Неколку предлози за црвено-сини летни аутфити:
Спирова С. | Црнобело