Suiteblanco колекција пролет/лето 2013

Со првите сончеви денови, SuiteBlanco ја претставува новата колекција пролет/лето 2013, која нуди модели кои асоцираат на долгите летни денови и зајдисонца.

suiteblanco-kolekcija-prolet-leto-2013-1

Свежината на топ моделот Ана Вијалитсина која е заштитно лице на брендот за оваа сезона, придонесува за уникатниот изглед на кампањата и колекцијата која се состои од удобни парчиња облека, лесни материјали и доминација на вечно модерната бела боја.

Во потрага по реинтерпретација на боемскиот изглед, едноставноста на моделите од една страна и дава на женската силуета чувство на удобност, а од друга страна одредени парчиња се скроени да ја истакнат нејзината фигура.

Ленот и памукот доаѓаат во форма на романтични модели комбинирани со полу-проѕирни материјали и рачно изработени детали. Фустаните, блузите и здолништата се во бела боја, како и маиците и кафтаните.

suiteblanco-kolekcija-prolet-leto-2013-2

Со оглед на важноста на неутралните тонови и доминацијата на белата боја, контрастот се прави со зелена боја, избледен џинс и принтови.

Кај модните додатоци, ланчињата се највпечатливи – во јаки бои и XXL величина, комплексноста на нивната изработка ги прави вистински ѕвезди.

suiteblanco-kolekcija-prolet-leto-2013-3

suiteblanco-kolekcija-prolet-leto-2013-4

Би можело да ве интересира:

9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
8 модели на чанти кои ќе доминираат во лето 2025 Мини торбички со висечки реси или школки, форми инспирирани од летото и морскиот...
6 модели на чанти кои ќе доминираат во пролет-лето 2026 Мини торби како вреќички на врзување, чанти со реси во фокус, но и со светки, ци...
6 модели на чизми кои се хит во зима 2025/26 (и нема да погрешите) Каубојките се ѕвезда на сезоната, но и безвременските црни ниски или високи чизм...
8 модели на чанти кои ќе доминираат по крајот на летото – хит за есен 2025 Змиски принт, големи чанти во кои собира и облека за викенд патување, кафеави ча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg