Модерен накит за оваа година

Накитот често пати е симбол на материјалниот статус, украс кој го изразува личниот вкус и вкусот на моменталните модни трендови. Накитот е неизоставен дел од изгледот, па затоа многу внимателно треба да избираме што и како носиме.Ретко останува незабележан и секогаш ја надополнува навидум едноставната комбинација

moderen-nakit-za-ovaa-godina-01

Кога станува збор за модните трендови кај накитот, трендовите се менуваат секоја сезона. За да бидете во мода оваа година, ви предлагаме неколку парчиња накит кои лесно ќе ги вклопите во вашето секојдневие.

Огрлици

Должината на огрлиците се повеќе се смалува во изминативе сезони. Сега кратките огрлици во повеќе слоеви кои се припиваат за вратот и деколтето се тотален моден погодок. Важно е таа да биде масивна и упадлива.

XXL

Ако имате можност да бирате, оваа сезона изберете ги најголемите парчиња накит. Овој тренд не се симнува од врвот веќе некое време, а брзо е прифатен и во секојдневниот изглед на многу познати дами. Така што, без разлика дали ќе се одлучите за краток или долг фустан, кошула и класично здолниште или обична маичка и фармерки, огромните обетки или огрлици ќе бидат полн погодок!

moderen-nakit-za-ovaa-godina-1

Масивни обетки

Масивните обетки инспирирани од барокниот стил, со многу каменчиња се нешто што оваа сезона не смее да го одминете. Раскошни се и многу ефектни.

Приврзоци со реси

Пред неколку сезони обетките со реси беа хит, а сега ресите се враќаат но во облик на приврзоци за долги ланчиња. Нека ве инспирираат ‘70тите години и нема да погрешите.

moderen-nakit-za-ovaa-godina-4

Голем број нараквици

Широките кожни нараквици во разни бои и дезени се она што е моден хит според врвните дизајнерски куќи. Ви предложуваме да си набавите неколку кои кога ќе ги склопите ќе изгледаат како една модерна целина. Може да ги комбинирате и со квалитетен часовник.

Животински мотиви

Сигурно веќе забележавте колку накит има со животински мотиви и шари. Набавете си еден оригинален прстен или долго ланче со приврзок во облик на некое животинче и спремни се за сезоната која ни претстои.

Би можело да ве интересира:

8 трендови од 2016, кои се враќаат во мода во 2026, откако сите се опседнаа Од популарните чанти кои ги носеа „it“ девојките, до тенка марама околу врат, бо...
8 трендови за накит кои ќе доминираат во есен 2025 – треба да ги имате и вие Бисери во секоја варијанта, комбинација од жолто-златни и сребрени метали, ланчи...
9 модели на чевли кои ќе бидат хит во лето 2025 Ретро сандалите со дебели ремчиња на лепење станаа вирален хит, исто како и глад...
7 модели на женски очила за сонце кои ќе бидат хит во лето 2025 Од модерни авијатичарски до ретро розови очила како во 2000-тите и класичните ов...
10 модни трендови за рана есен, кои треба веќе да ги имате (иако е лето) Панталони и здолништа со чипка во долниот дел, лесни џемпери со копчиња, чанти и...
10 кул летни трендови за нокти (овошје на рака, „сирена“ нокти) Од нежно розови до впечатливи нокти со апстрактна уметност на нив, каков избор ќ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg