Модни брендови за урбаниот маж

Во четвртокот на 07.03.2013 во FashionID во Skopje City Mall се одржа презентација на новите колекции пролет/лето 2013 за мажи на брендовите застапени во оваа мултибренд продавница – Diesel, HUGO BOSS Orange и Marlboro Classics.

modni-brendovi-za-urbaniot-maz-1

Урбаниот, модерен маж во Македонија сега има уште едно место кадешто би можел да пронајде уникатни парчиња облека кои ги следат најновите, светски модни трендови.

Карактерот и колекциите на овие брендови беа презентирани од страна на популарниот стилист Александар Биљановски Дадар и бренд менаџерот Мики Костов.

Дадар во својата презентација издвои неколку трендови во машкото облекување сезонава - војничкиот принт, кој особено е присутен во колекцијата на Diesel во стандардната зелено-маслинета комбинација, но и во комбинација со други бои како портокаловата; тексасот како материјал, присутен не само кај фармерките туку и кај кошулите, јакните и елеците.

Тренд којшто продолжува од изминатите две сезони се панталоните во боја. Кај Marlboro Classics можат да се направат одлични комбинации од светли панталони со маички со принтови, кои исто така се многу популарни сезонава и карирана кошула – парче кое е карактеристично за брендот.

И во колекцијата на BOSS Orange присутни се пастелните тонови, а бои кои доминираат се црвената и сината во повеќе нијанси. Парчињата на BOSS Orange се одчични за релаксирани комбинации, но и за вечерни излегувања.

FashionID постои од отворањето на Skopje City Mall, во октомври 2012. Продавницата е наменета за современиот и модерен маж, а е одлично надополнување на богатото портфолио на модната групација Fashion Group.

modni-brendovi-za-urbaniot-maz-2

modni-brendovi-za-urbaniot-maz-3

modni-brendovi-za-urbaniot-maz-4

modni-brendovi-za-urbaniot-maz-5

modni-brendovi-za-urbaniot-maz-6

modni-brendovi-za-urbaniot-maz-7

modni-brendovi-za-urbaniot-maz-8

modni-brendovi-za-urbaniot-maz-9

modni-brendovi-za-urbaniot-maz-10

modni-brendovi-za-urbaniot-maz-11

modni-brendovi-za-urbaniot-maz-12

Би можело да ве интересира:

Комбинации со чизмите кои се хит за оваа сезона – ги обожаваат и Македонките (фото) Оригиналните Givenchy чизми на преклоп кои ги носи Аделина се околу 4.000 евра, ...
Ива Ситновска од Кочани: „Сакам храбри комбинации, не е важно дали носиш бренд или едноставна облека... „Модата ја носам во себе уште од мала, затоа што потекнува од моето семејство и ...
Модна инспирација: Удобни минималистички комбинации, идеални за во зима (фото) Кардиган и меки панталони со иста боја или мек широк џемпер и кошула со риги. ...
8 есенски парчиња за жени над 40 со кои секогаш ќе изгледате тренди Палто од велур, широки дебели панталони, но и плетен комплет. Палто од велур,...
Капри панталоните се враќаат во мода во лето 2025 – од ретро парче до модерни комбинации (фото) Заборавете на сè што сте мислеле за капри панталоните – ако досега личевте старо...
6 тренди комбинации за жени - може да ги носите во секоја пригода во пролет 2026 Без оглед дали се подготвувате за на концерт, гостинка сте на матурска прослава,...

Најчитани неделава